Многу лесен и вкусен колач!

Потребни состојки за кора: 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 мл млеко, 125 г путер/маргарин, 1 лажица какао и 300 г мелени бисквити. ФИЛ: 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 мл млеко, 125 г путер/маргарин, 50 г мелени бисквити, 175-200 г кокос и 2 лажици кокос за наросување одозгора.

Постапка: Во млекото ставете шеќер, ванилин шеќер, какао и путер исечен на коцки. Ставете на оган и загревајте додека да се растопат состојките и да се соединат. Не смее да зоврие. Тргнете од оган па додадете ги мелените бисквити. Распоредете ја смесата во правоаголен калап (28х23 см) и израмнете, па оставете да излади.

Приготвување на ФИЛот: Во одговарачки сад ставете млеко, шеќер, ванилин шеќер и исечкан путер, па загревајте додека смесата да се растопи и да се поврзат состојките, па тогаш додадете ги мелените бисквити и кокосот.

Финална постапка: Приготвениот фил распоредете го преку кората и оставете го колачот добро да излади и да се стегне. Наросете го со кокос, па сечете на парвоаголници или како што сакате.