Кои се причините поради кои добивате “Бело прање” или некаква друга инфекција

Вагинален јадеж, пецкање, непријатност при сексуален однос, бело прање, црвенило… Сите овие симптоми укажуваат на проблем и најверојатна бактериска инфекција во вашата вагина.

Можеби најсилен индикатор за нездрава состојба на вагината и можно присустви на бактериска инфекција е непријатниот мирис, токму на оваа состојба ќе се задржиме во овој текст!

Припаѓате ли во онаа група жени кои без разлика на почитувањето на интимната хигиена, сепак, и натаму чувствуваат непријатен мирис?

Постојат неколку причини за тоа, но и неколку начини да се изборите со овој проблем. Најважно е да се открие причината, па така ќе знаете како да го третирате овој проблем.

„За жал, не постојат доволно студии и истражувања кои се бават со проблематичниот вагинален мирис, ниту е точно објаснето кој мирис е нормален, а кој не“, вели Рахив Гала, професор – гинеколог од Медицинскиот Факултет во Њу Орленас.

Меѓутоа, треба да знаете дека доколку забележите многу силен мирис, најверојатно причината треба да се бара во вагинална инфекција. Исто така, треба да знаете дека некои инфекции се манифестираат со вагинален мирис, а некои не.

БАКТЕРИСКА ВАГИНОЗА– претеран развој на бактерии во вагината – предизвикува ослободување на силен мирис, кој потсетува на мирисот на риба. Иста таква миризба произведува и трихомонијаза, полно пренослива болест која ја предизвикува паразитот Trihomonas vaginalis.

Но, кај околу третина од жените кои имаат вагинален мирис, постои некоја друга причина која се крие зад инфекцијата – пишува Хафингтон пост.

„Хронична опстипација, претерано потење, лоша хигиена и урина на долната облека може да бидат причина за непријатен мирис“, објаснува Гала и додава дека носењето на тесна облека може да предизвика непријатен мирис во пределот на вагината, а тоа се случува затоа што потта и бактериите поради таквата облека може да останат заробени на кожата.

Следното може да биде огромна причина за непријатен мирис на вагината:

Исто така, причина може да биде и преголема тежина: доколку постои вишок кожа, поради која се јавуваат фалти, па на тие места потта останува заробена и предизвикува непријатен мирис.

Вагиналниот мирис може да се промени и во текот на менструалниот циклус. Исто така, се случува кај жените додека вежбаат да излачат малку урина, а со носењето влошка во тој момент може да се предизвика непријатен мирис.

Ако жената е загрижена во врска со вагиналниот мирис, би требало да посети лекар кој ќе ја открие причината со помош на рутински тестови и да се увиди дали проблемот може да се реши без терапија.

Од друга страна, ако причината за мирис е инфекција, пациентката ќе добие антибиотик или некој другтретманкој ќе ја отстрани причината за непријатниот мирис.

„Она што можете да го направите за да го спречите овој несакан мирис е да носите памучна долна облека и редовно да ја променувате. Исто така, треба да одбегнувате облека која е премногу тесна.“ – советува Гала.

Слабеењето исто така може да помогне, доколку е причина за проблемот вишокот кожа околу вагиналната област.

Иако можеби ќе паднете во искушени да купите некој производ кој би ја маскирал непријатната миризба, Рахив Гала советува тоа да не го правите, бидејќи таквите препарати немаат никакви здравствени бенефити:

„Може да ви помогнат со краткотрајно решение и олеснување на проблемот, но постојат индиции дека тие всушност го зголемуваат ризикот од бактериска вагиноза, габични инфекции, како и воспаление на гениталиите“ – заклучува Гала.