Сите луѓе испуштаат гасови во просек од 10 до 20 пати дневно, без разлика на манирите и полот. Дознајте како овој проблем се случува и на кој начин можете да излете на крај со него.

Испуштањето гасови сигурно претставува една од најнепријатните работи кои можат да ви случат во јавност.

Меѓутоа, што точно го предизвикува испуштањето на гасови од стомакот? Веројатно помалку ви е познато дека прдежите всушност се индикатор за лоша здравствена состојба.

Интестиналните гасови се состојат од смеса на азот, кислород, јаглероден диоксид, водород и метан.

Ова се главно гасови без мирис, но можат да станат непријатни кога ќе се помешаат со други гасови како што се сулфатите. До ова може да дојде на два начини.

Прво, ако гасот остане долго во цревата, бактериите започнуваат да додаваат непријатен мирис на водород сулфид.

Втора работа поради која гасовите мирисаат непријатно е поради консумирање на одредена храна, особено намирници кои се богати со сулфур.

Намирниците како што се карфиолот (и остатокот од фамилијата зелки), грав, јајца, сирење, лук, кромид и месо предизвикуваат желудечни гасови токму поради сулфурот во нив.

Исто така и шеќерите како што се мелитроза, стахиоза и вербаскоза произведуваат гасови, бидејќи кога ќе доспеат во цревата, бактериите подивуваат и гасот неконтролирано се ослободува.

Значи, прдежите може да потекнуваат од воздухот кој го вдишуваме, гасовите кои доспеваат во цревата од крвотокот, гасовите кои се производ од хемиски процеси во желудникот и делувањето на бактериите во цревата. Овие два последни извори се причина за загриженост.

Ако храната која сте ја изеле не се вари правилно, тогаш или ферментира или скапува во стомакот, а притоа ослободува токсични гасови.

Долгорочно овие гасови можат да предизвикаат ждригавица, грчеви, подување, опстипација, крвави столици, колитис и други проблеми.

Повеќето луѓе во секој момент има најмалку еден килограм несварена храна која скапува во дигестивниот тракт. Крвотокот ги апсорбира токсините кои се создаваат при процесот на скапување што доведува до алергии, осип, главоболка и мачнина.

Која е причината за натрупување на токсичен отпад во цревата?

Една од најчестите причини зошто храната останува полусварена во цревата е – неправилно комбинирање на прехрамбените производи.

Секој вид на храна бара поинаква количина на хлороводородна киселина, плунковна амилаза и време од нашето тело за да се сварат успешно.

Кога во кујната комбинираме намирници кои не варат добро заедно, како што се месото и компирот, шницли и јајца или сендвичи со кашкавал и шунка, добар дел од оброкот не се вари и останува да скапува во дигестивниот систем.

Исто така, доколку премногу често јадеме оброци, желудникот ја турка делумно сварената храна за да се ослободи простор на нова храна.

Покрај тоа што храната скапува во нашите црева предизвикува смрдливи гасови и ни го труе крвотокот, прдежите исто така може да бидат и индикатор за различни здравствени проблеми.

Целијакија, од која пати и познатиот тенисер Новак Џоковиќ, е болест предизвикана од лоша апсорпција на јаглени хидрати. Во поблак облик е позната како нетолеранција на глутен.

Обично се манифестира со силни стомачни болки и недостаток на витамини во организмот.

Во случај ако патите од оваа болест, би требало да ги елиминирате сите производи кои содржат глутен како што е пченицата, ржот и јачменот од својата исхрана.

Нетолеранција на лактоза, односно на млечен шеќер, исто така може да предизвика неконтролирани гасови.

Кога немаме доволно ензим лактаза, кој е неопхпден за разложување на лактоза во глукоза и галактоза, млекото и млечните производи остануваат во нашиот систем за варење, бактериите се хранат со нив и тоа предизвикува создавање на смрдливи гасови.

Кога некој не е толерантен на лактоза консумира поголеми количества на шеќер кој несварен поминува низ цревата каде апсорбира многу вода и станува храна за бактериите кои создаваат гасови и киселини. Тоа обично води до симптоми како абдоминално подување, грчеви и дијареа.

Доколку спаѓате во оние кои се нетолерантни на лактоза, можете да пробате со консумирање на дигестивни ензими или едноставно со елиминација на млечните производи од својата исхрана.

Секогаш можете да консумирате и други видови на “млеко”, како кокосово или бадемово.

Кога ситуацијата станува сериозна и треба да се побара лекарска помош?

Инфекции на дигестивен тракт

Постојат многу бактерии, вируси и паразити кои можат да предизвикаат инфекција на слузокожата од цревата и дигестивниот тракт. Ова може да биде причинето од патувања по егзотични краишта од светот каде хигиената не е на високо ниво.

Инфекциите обично се проследени со дијареа, грозница и стомачни болки. Ако се сомневате дека патите од таква инфекција, задолжително појдете на лекар.

Кандида албиканис, односно габична инфекција, исто така предизвикува непријатни гасови. Извесна количина на квасци во нашиот цревен тракт е нормална и здрава, меѓутоа преголема количина предизвикува бројни проблеми.

Кандидата е природно присутна во човековото тело и има важна функција за работата на организмот.

Меѓутоа под одредени околности кандидата може да предизвика промена во својата структура и да се претвори во непријателски настроена габичка која расте во облик на ситни влакненца кои пуштаат коренчиња во слузокожата на цревата и продираат во ткивата.

Пуштањето на повеќе гасови од вообичаено може да биде и симптом на прекумерно размножување на оваа габичка.

Подувањето и грчевите при прекумерно испуштање на гасови веднаш после оброкот може да биде последица од ваков вид на случување, особено ако тоа се случува после консумација на храна која е тригер, како шеќер, печива, леб, пиво, алкохол, оцет, ферментирана храна и грав – намирници со кои габата се храни.

Во таков случај обидете се од исхраната да елиминирате вообичаени алергени како што се пченицата и млечните производи. Исфлете ги намирниците богати со сулфур.

Со секој оброк земајте дигестивни ензими. Збогатете ја својата исхрана со пробиотици.

Информирајте се за правилно комбинирање на намирниците. Проверете се на гастроентеролог или специјалист за инфективни болести, доколку се сомневате на паразити.