Кои предмети не смеете да ги миете со детергент за садови

Многумина од луѓето го користат детергентот за садови како универзално средство за чистење. Меѓутоа, постојат некои работи кои никогаш не би требало да ги миеме со детергент за садови, а зошто, прочитајте во продолжение на текстот.

1.АВТОМОБИЛ

Оние кои својот автомобил не го носат во перална туку го мијат дома во својот двор, често го користат детергентот за садови. Меѓутоа, добро упатените познавачи, предупредуваат дека на тој начин може да се оштети бојата и горната сјајна површина на автомобилот. Затоа, за перење на автомобилот користете исклучиво специјализирани шампони за таа намена.

2.ПРОЗОРИ И ОГЛЕДАЛА

Најчесто сите го користиме детергентот за садови кога ги миеме прозорите. Меѓутоа, наместо сјај, ова средство може да остави траги на прозорите и огледалата, во зависност од јачината на детергентот, кој може да биде и слабо абразивен. Затоа, не ризикувајте и користете само детергенти кои се наменети за чистење на стаклена површена.

3.ОБЛЕКА НАМЕНЕТА ЗА ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ

Без разлика за каква дамка станува збор, облеката веднаш по валкањето однесете ја на хемиско чистење, и никогаш не ја третирајте со детергент за садови, бидејќи на тој начин постои опасност да ја оштетите ткаенината и да си ја уништите омилената облека.

4.МАШИНА ЗА САДОВИ

Останавте без таблети па имате намера да ги заменете со детергент за садови? Немојте, освен ако не сакате соба полна со пена. За разлика од обичниот детергент, специјаните детергенти кои се наменети за машинско перење, не создаваат пена и се плакнат многу полесно.