Ако сте забележале дека често ве удира струја кога ќе се фатите за рачката од вратата или за некој друг предмет, еве зошто тоа се случува!

Особено зимно време, ни се чини дека речиси секојпат не удира струја кога и да ја допреме рачката од вратата или некој друг предмет.

За среќа, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да се сведат на минимум ваквите струјни удари.

Еден од главните виновници е статичкиот електрицитет. Меѓутоа, што е тоа статички електрицитет?

Статичкиот електрицитет се однесува на натрупување на електричен напон на површината од предметите – во основа, кога електроните се движат од една површина кон друга во моментот на контакт.

Ако двете површини се изолатори, тие ќе создадат електричен напон.

Дома или на работа постојат многу изолатори како што се гумени ѓонови од нашите патики и чевли, теписи, волнени џемпери и памучни чорапи. Кога одиме по тепихот, нашето тело создава напон од кој не може да се ослободи бидејќи на нозете носиме чевли кои се изолатор.

Тогаш, кога ќе допреме метална рачка или некој друг предмет – знаете што се случува.

Сувиот воздух е исто така изолатор, па така статичкиот електрицитет е најприсутен во текот на сувите зимски месеци.

Кога чувствувате дека сте преполни со електрицитет, најдобро е да легнете на кревет и со босите стапала да го допрете ѕидот. Истото направете го и со дланките. Или пак, ставете ги дланките под млаз вода.