Не е добро кога ја има премногу, но ни кога нејзиното ниво е премало. Желудочната киселина му е неопходна на вашиот организам, но во оптимална количина, а еве како да го проверите нејзиното ниво!

Недостатокот на желудочна киселина, доведува до попреченост за оптимално варење пред се на протеините од исхраната, па така, тие одат во тенкото црево како фрагменти од протеини, наместо како аминокиселини.

Тоа може да доведе до низа здравствени проблеми, како подуеност на стомакот, гасови, чувствителност на одредени намирници, како и болки.

Покрај ова, пораи недостигот на оваа киселина, доаѓа и до недоволна абсорбција на витаминот Б12, што пак доведува до хрочичен умор и поспаност.

За да испитате на кое ниво ви е желудочната киселина, алтернативната медицина предлага да изедете салата од цвекло и да испиете една до две чаши сок од цвекло.

Ако потоа, вашата урина е прозирна, значи дека имате доволно количество желудочна киселина и таа добро ја врши својота работа.

Но доколку урината ја менува бојата накај црвена, значи дека желудочната киселина ви е слаба.

Во случај кога вашата урина е црвенкаста, односно имате слаба желудочна киселина, можете да превземете две работи за да ја подобрите состојбата:

– Испијте две чаши вода, 15 минути до половина час пред јадење. Водата ќе придонесе вашиот желудник дополнително да се обложи и да се заштити од киселини.

– Пред оброк, испијте малку органска јаболкова киселина, помешана со вода, за да ја намалите киселоста.

На полна чаша вода, ставете едно лажиче јаболков оцет и тоа е тоа.