КЕТОГЕНА ДИЕТА: ослабела 50 кг без вежбање за 10 месеци

Една жена која го користи прекарот Lilll, овие денови преку социјалните мрежи го сподели искуството и успехот од својата диета со која ослабела 50 килограми за само 10 месеци…

Поставила и фотографија „пред и потоа“ на која јасно се гледа губитокот на тежината. Таа применила една од т.н. катогени диети.

Јас не сум доктор, само го споделувам со вас она што мене ми помогна.“

Се одлучив за катогена исхрана. Внесувам околу 20-25 нето јаглени хидрати дневно. Всушност, кога вашето тело не може да користи јаглени хидрати, мора да ги согорува мастите. Помеѓу 90 и 95% од мојот внес на јаглехидрати доаѓа од зеленчук, со голема количина на протеини од пилешко, говедско, мисиркино и сл.

За оние кои бараат причина или мотивација: само започнете и не мамете! Исфрлив се’ од дома и не се вртев. Шамарот кој ме отрезни беше кога застанав на вага и сфатив дека имам 30 килограми повеќе отколку што мислев. Ќе си бидете благодарни на себеси после 1 година (или 10 месеци). Верувајте ми. Планирам да ослабам уште неколку килограми (има на мене сеуште вишок) – напишала, помеѓу останатото.

ШТО Е КЕТОГЕНА ИСХРАНА?

Кетогена исхрана подразбира мени во кое максимално се скратува внесот на јагленохидрати во текот на денот. Исклучителна популарност со која се стекна оваа диета е благодарение на можноста за брзо слабеење. Се јаде храна богата со протеини.

Некои од најпознатите диети за брзо губење на килограмите се всушност високопротеинските диети, со низок процент на јаглехидрати.

Овие диети се карактеристични по тоа што најголем број калории потекнуваат од намирници богати со белковини, како што се црвено месо, риба, јајца, пилешко и сирење, додека намирниците кои се богати со јагленохидрати се одбегнуваат или се консумираат во многу мала количина.

КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ?

Иако Американското здружение за срце и Националната заедница за едукација за холестерол, не препорачуваат спроведување на вакви диети, тие се сепак едни од најпопуларните, веројатно поради брзото слабеење на самиот почеток.

Некои од најпознатите високопротеински диети се: Аткинсова диета, South Beach диета и Дуканова диета.

Целта на повеќето високопротеински диети е предизвикување на т.н. „позитивна кетоза“ која за последица има интензивно трошење на масти како извор за гориво. Од оваа причина ваквите диети се нарекуваат кетогени диети.

Поточно, кетогена диета е посебен начин на исхрана кој се темели на состојбата кетоза, во која организмот стапува после одредено време, при исхрана на белковини и масти. Кога телото еднаш ќе влезе во состојба на кетоза, наместо шеќер како примарен извор за нергија, тоа ги користи мастите.

До оваа појава доаѓа кога организмот во одреден период добива многу мала количина јаглехидрати. Откако ќе започне со кетоген начин на исхрана, телото минува низ повеќе промени:

-После околу 48 часа од почетокот, организмот почнува да ги користи кетоните за поефикасно искористување на енергијата складиштена во резервните масни клетки. Со други зборови, примарниот извор за енергија не се веќе јаглехидратите, туку масните кислеини. Поради тоа, за време на кетозата не е проблем да се јаде храна со поголем процент на масти, од вообичаено.

Меѓутоа, храната која се темели на еднолични намирници: сирење, јајца, месо и риба, може да има неповолни здравствени последици. Некои поединци кои внесуваат претерано храна од животинско потекло, често имаат зголемен холестерол, остеопороза или зголемени триглицериди.

Најчестите проблеми и компликации повзани со високопротеинските диети се:

 Проблем со бубрезите:

Консумирањето на премногу белковини може да ги оптерети бубрезите и да ја влоши здравствената состојба на лицето кое веќе има проблем со бубрезите.

 Висок холестерол

Добро е позната поврзаноста на високопротеинската диета со високиот холестерол.

Остеопороза и брубрежно каменче

Високопротеинските диети поттикнуваат зголемено излачување на калциум низ урината, што во подолг временски период го зголемува ризикот од остеопороза и создавање на бубрежни каменчиња.

Карцином

Високопротеинските диети не предизвикуваат карцином, но ограничениот внес на овошје, зеленчук и житарици, а со самото тоа и на витамини, минерали и ензими, влакна и антиоксиданти, се скратува и внесот на најголемите борци против разни облици на карцином.

ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

Експертите за исхрана и слабеење сметаат дека високопротеинските диети содржат повеќе ризик отколку бенефит, и дека нивната привлечност се состои главно од ветувањето за брзо слабеење.

Во повеќето случаи луѓето ја одбираат брзата диета, наместо дефинитивно да ги променат навиките и стилот на живеење. На тој начин, после извесно губење на килограми, можат да се вратат на стариот режим и да ја повратат старата тежина.

Губењето на килограмите би требало да има за последица намален процент на телесни масти, а како цел: намалување на ризикот од срцеви болести, зголемен крвен притисок, дијабетес и карцином, а не само слабеење за стекнување со подобра линија.