Без скапи препарати и третмани, за исвесно време можете да го повратите тонусот на кожата и да ги ублажите брчките…

Квасецот е состојка која во целост може да ја обнови кожата. Трансформацијата ќе биде видлива после неколку третмани. Квасецот ги содржи витамините Ц, Б и ПП задолжени потполно да ја рехабилитираат кожата.

Вашата кожа на лицето ќе биде неверојтно мазна, а тенот изедначен. Она што е исто така важно, квасецот во потполност ќе ги исчисти и отстрани митесерите.

Едноставната маска се подготвува кога ќе измешате квасец со топла вода сè додека не добиете хомогена смеса која можете да ја нанесете на лицето. Значи, варијациите можете да ги правите произволно со оние елементи кои ќе ја хранат кожата на лицето.

На пример, неколку капки лимон и лажичка мед можете да додадете за да ефектот биде потполн.

Ако пак имате помрсна кожа на лицето, медот можете да го замените со јогурт или кефир. Доколку сакате да го избелите својот тен додајте повеќе сок од лимон или грејпфрут.