Ќе се чудите што сè ќе излезе од вашите црева! 3 дена јадете го ова за вечера

-Овој оброк ги чисти фекалните наслаги во цревата и со самото тоа ја намалува телесната тежина, а бонусот од ваквата исхрана е што ја регулира киселоста во желудникот.

Основните компоненти на оваа „Витаминска салата“ (зеленчук и темнолистест зеленчук) кои го збогатуваат организмот со витамини и минерали, се преполни со влакна и пектин.

Благодарение на тоа, ова здраво јадење придонесува за ефикасно чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлање на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.

Но, тоа не е се’: бидејќи некои состојки од оваа салата се нискокалорични, со воведување на овој орбок (како вечера, на пример), може да помогне за ослободување на масните наслаги.

За оваа витаминска салата е потребно:

-зелка

-цвекло

-морков

-темнолистет зеленчук

-лимонов сок

-масло

Постапка:

Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот во однос 3:1:1.

Додадете зачински билки по свој вкус (мирудија, магдонос, целер). Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додадете малку лимонов сок. По желба, за постигнување на пикантност, во салатата може да додадете и изгмечено чешне лук.

Залијте со многу малку растително масло (се препорачува ленено или маслиново).

Салатата не е потребно да се соли. Ако не можете да се одречете од солениот вкус, користете соја сос, која содржи во себе сол и го подобрува вкусот на храната, а има високо нутритивна вредност и што е најважно, не е штетна по здравјето.

Имајте на ум: ако немате доволно желудечни киселини, не се препорачува консумација на кисела зелка.