ЛАВ

Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес овој месец. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари. Во деновите околу 13 октомври ве очекуваат некакви дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања.

Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања но не само заради забава, туку и заради завршување на потреби. Љубовта ви е стабилна во овој период.