Фото и рецепт: Верка Коцева

Потребни состојки:

1 кг тиква

3 литри вода

1 кг 300 г шеќер

2 литри шира

Постапка:

Тиквата исчистете ја и исечкајте во форми по ваш избор.

Парчињата ставете ги во варова вода да отстојат еден час, а потоа извадете и измијте ги со чиста вода.

Водата со шеќерот се става да зовие па се додава тиквата а потоа и ширата додека да се свари.

Тиквата треба да е од жолтите и долги.