Катерина од Охрид го победи ракот на дојка со масло од канабис

Нелегално излечената 43 годишна охриѓанка Катерина Алексиеска е нашата прва храбра револуционерка, која одлучи својата животна приказна да ја сподели со нас за да им помогне на сите во иста или слична ситуација како нејзината.

Катерина свесно одби хемотерапија и својата дијагноза успешно самостојно ја третира со екстракт од канабис. Таа сака да им објасни на сите заболени од канцер дека канабисот навистина го убива ракот, за што потврдуваат и нејзините резултати.

Во разговорот со нас таа потврди дка нејзиниот имунолошки систем и е зајакнат од кога прима масло и година и пол се нема напиено ниту апче против болки и има многу повеќе апетит од претходно, а сепак нејзината линија изгледа совршено.

Катерина зрачи од здравје и убавина, благодарение на канабисот и нејзината одлука да започне да го користи. Благодарение на канабисот драги читатели вие сега го читате овој текст!

420 Macedonia: Како дозна дека си болна и кога ја доби својата дијагноза? Што ти рекоа докторите и како тие сакаа да те лекуваат?

Катерина: Tоа беше декември 2015 кога ми се појави грутче од еден и пол см. Отидов на биопсија ми кажаа дека е карцином, се оперирав и докторите ми препишаа хемотерапија и зрацење јас не сакав да примам ја одбив хемотерапијата и почнав одма со масло од канабис и до ден денес го примам и ќе го примам секогаш, зашто верувам во него.

Ме натераа веднаш да се оперирам. Сметам дека ако не бев под таа пресија и ако имав шанса да размислам добро што ми се случува, ако почнев да го земам маслото на време – дека и операцијата немаше да биде потребна.

420 Macedonia: Какво беше твоето првично мислење за канабисот и кога прв пат во својот живот си имала контакт со оваа билка?

Катерина: Бидејќи не сакав да примам хемо зашто знам кои се последиците јас цело време барав на интернет и читав за лековитоста на канабисот. Ова ми беше прв контакт со канабисот.

420 Macedonia: Дали ти беше вршен притисок да прифатиш хемотерапија и дали ти беше вршен некаков притисок да не започнеш со канабис терапија?

Дали твојата одлука се базираше на инстинкт или на твоите спознанија за лековитоста на марихуаната во борбата со канцерот и штетноста на хемото?

Катерина: Докторите ми викаа мораш да примаш хемо само така ќе се излечиш. А во канабис многу не веруваа. Јас одлучив да примам само канабис зашто верувам во канабисот, а не во хемотерапијата.

420 Macedonia: Екстрактите од канабис кои лекуваат канцер за жал сè уште ги нема по аптеките… Како изгледаше твоето патешествие во потрагата по квалитетно масло од канабис со висок процент на THC, какво што е потребно за лекување на рак? Дали лесно се стигнува до квалитетен лек? Или можеби си го подготвуваше сама?

Катерина: Многу тешко се доаѓа до маслото кое што има висок процент на ТХЦ какво што треба да примаат пациентите со цанцер. Јас се снабдувам со масло од луѓе кои со години прават масло од канабис за своите лични потреби.

Тешко е да се дојде до квалитетно масло по пристапна цена. Покрај шокот од самата дијагноза и притисоците на лекарите, преголем дополнителен стрес за секој пациент е ситуацијата во која мора да се чувствуваат како криминалци само за да го спасат својот живот на нелегален начин.

420 Macedonia: Кога започна да користиш екстракт од канабис и како го дозираше? Како се чувствуваше на почетокот додека се навикнуваше на маслото и дали ти беше пријатно лекувањето со смола од канабис? Дали сè уште примаш доза за одржување?

Катерина: Маслото почнав да го земам одма после операција. Почнав со мала доза 0.01 за еден месец стигнав до 1 мл. Една година земав по 1 мл во денот, а сега само за одржување.

Првата недела чувствував поспаност, но тоа не беше нешто страшно и не ме спречуваше нормално да си ги извршувам домашните обврски и после се навикнав и добив многу повеќе сила од предходно. Се чувствував многу подобро, отколку кога сум била на некакви фармацевтски лекарства.

420 Macedonia: Каква беше реакцијата на твојот онколог откако му ги покажа најновите резултати, откако започна да користиш масло од канабис?

Катерина: После 6 месеци од приемот на маслото резултатите беа добри, а на докторот не му се веруваше кога ме виде поздрава од претходно. Тие ми велеа дека ако не прифатиш хемотерапија, наскроо ќе заминеш од овој свет. Докторите не сакаат за ова да зборуваат.

420 Macedonia: Какви други алтернативни терапии користеше за време на лекувањето?

Катерина: Здрава храна и масло од канабис, друго немам ништо земано.

420 Macedonia: Дали мислиш дека сè уште би била тука со нас да прифатеше хемотерапија и како ти сега гледаш на канабисот?

Катерина: Ако примав хемо, немаше да бидам ова што сум сега, ќе бев без коса и целата изгубена – тоа го гледам од другите жени кои поминуваат низ хемотерапија, залудно според мене – ретко која од нив оздравува, најчесто умираат. Му благодарам на Бога за маслото имав сила како никогаш досега, можам да потврдам дека се чувствувам поздрава од пред дијагнозата 😉

420 Macedonia: Како според тебе треба канабисот да биде регулиран?

Катерина: Сакам да е легализиран, да може секој болен да си посади и самостојно да може да си направи масло, затоа што е многу скапо и секој неможе да си дозволи да го купи, да е целосно слободен, регулиран како секоја друга билка, како камилицата и нането, а за болните фондот треба да го покрива, а за децата треба да биде целосно бесплатен.

420 Macedonia: Што ќе ги советуваш нашите читатели? Како побрзо да го ослободиме овој лек? Збор-два за крај…

Катерина: јас верувам во канабисот и сакам ова да го споделам со други кои ја имаат истата мака да веруваат во канабисот дека е вистински лек! Ги охрабрувам сите да го сторат ова што сега го правам јас – да ја раскажат својата приказна за канабист.

Жал ми е премногу за младите девојки на кои веднаш им ги острануваат дојките, откако ќе дознаат дека имаат туморче и за сите кои фрлаат пари за масло со непознат квалитет и по превисоки цени… Канабисот е лек!

Текстот е интегрално превземен од: 420macedonia.blogspot.mk