Кармички долгови: ПЕТ знаци дека сте жртва на фамилијарно проклетство – како да се ослободите од нив

Не мора да значи дека кармата сте ја наследиле директно од родителите, туку тие енергетски долгови може да датираат уште од древното минато, од некои ваши стари предци.

Карма претставува непрестајно созревање и развивање на секое наше дејствување, па последиците кои ги чувствуваме во иднината може да биле причинети одамна во минатото. Меѓутоа, постои верување дека кармата може да се наследи преку крвно сродство, односно дека постои кармичка ДНК, па честопати за некого се вели дека е жртва на кармички долг, односно кармичка ДНК.

Не мора да значи дека кармата сме ја наследиле директно од нашите родители, туку тие енергетски долгови може да датираат уште од древното минато, од некои ваши стари предци. На пример, можеби некој од вашата фамилија во минатото „посадил семе на негативна енергија“, односно, направил нешто за што подоцна се покајал, а плодовите од негативната карма започнуваат да созреваат дури во некоја следна генерација.

Кармичката ДНК со години се гради и одржува, но постојат и начини за ослободување од негативната фамилијарна карма, а тој процес во индиските религии е означен како мокша.

5 ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ ДЕКА СТЕ ЖРТВА НА ФАМИЛИЈАРНА КАРМА:

-се чувствувате доста поразлично од остатокот на членовите во вашата фамилија (црна овца), негувате поинакви системи на вредност и многу постапки на својата фамилија би сакале да ги промените.

-често чувствувате неосновани тегоби, особено во пределот на рамењата (блокирани енергетски точки).

-често ви се појавуваат препреки на патот при остварување на вашите планови и цели, па дури и кога сте дале се’ од себе за да успеете.

-премногу сте самокритични и несвесно си го попречувате сами патот до самооставрувањето.

-духовно сте освестени и свесни сте за одредени постапки на својата фамилија за кои верувате дека можат да ви се вратат во вид на кармички долг.

За да се ослободите од негативната карма потребно е да и верувате на интуицијата и да се ослободите од стравовите. Треба да се изградите како самосвесно битие кое е креатор на сопствената карма и сами да ги исправите лошите дела за кои мислите дека можат да причинат низа кармички долгови.

Медитирајте и станете свесни за секоја своја постапка, мисли, зборови, емоции… Обидете се да се ослободите од негативните односи кои создаваат енергетски јазли, ослободете се од нив. Важно е да бидете свесни и да ги прифатите сите животни предизвици, да се соочите со нив и понекогаш да и дозволите кармата да ве научи на некоја важна лекција.

Напомена: текстот е само информативен