При примена на оваа диета, неопходно е таа да биде прилагодена на вашето тело, односно да се консултирате со вашиот лекар.

Втора најважна работа е да ги почитувате правилата на оваа диета.

Оваа диета циркулира одамна и можеби на повеќето им е позната и испробана, па би било добро да ги искоментирате вашите искуства.

Диетата ја осмислил кардиолог за своите пациенти кои имале вишок килограми, а им претстоела хируршка операција.

Но оваа диета можат да ја применуваат и здрави луѓе кои сакаат да ослабат, бидејќи овој посебен режим на исхрана ги следи потребите на телото и на итар начин се измамува организмот да придвижи некои механизми и да започне да ги троши резервите (складираните масти), наместо да ги топи протеините (мускулите) за да дојде до енергија.

За само седум дена можете да изгубите 10 кг, но потребно е да внесете дневна физичка активност во времетраење од најмалку 30 минути.

Појадокот за секој ден е ист: 1 овошен плод (портокал, круша, праска, било што освен банана и грозје)

Прв ден или понеделник:

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 200 мл јогурт

Вечера: 2 домати свежи или доматно пире, 2 тврдо варени јајца, 2 двопек, ½ краставица или малку зелена салата.

Вторник:

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 шолја јогурт

Вечера: 125 г варено говедско, 1 домат, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

Среда:

Ручек: 1 варено јајце, 1 портокал, 1 чаша јогурт, 1 краставица или малку зелена салата.

Вечера: 125 г варено говедско, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Четврток:

Ручек: 125 г кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек

Вечера: исто како и претходниот ден

Петок:

Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек

Вечера: 500 г варен морков, компир или грашок

Напомена: месото и зеленчукот варете ги без сол! Ако веќе морате, на крај кога е варено посолете многу малку со хималајска сол.

После петтиот ден направете пауза два дена, па продолжете со диетата осмиот ден, доколку сакате и имате потреба од симнување на уште некој килограм. После две седмици се прави пауза од најмалку 10 дена, па се продолжува по истиот принцип доколку има потреба.

Во текот на паузата, шестиот и седмиот ден внимавајте да не се прејадувате и почитувајте ги и натаму правилата за непиење алкохол и газирани пијалаци.

Алкохолот во оваа диета е строго забранет!

Срцево болните мора да посетат лекар пред примена на оваа и било која друга диета.