Bo средниот век владеело мислење дека човековото здравје зависи од четири телесни течности, вклучувајќи го и жолчниот сок. Се сметало дека преголемото количество од оваа течност предизвикува насилно однесување. Денес знаеме дека жолчката не ве прави проблематично лице, но доколку во вашата жолчка има премногу холестерол, постои можност да добиете камења во жолчното ќесе.

Жолчката се создава во црниот дроб, се складира во жолчното ќесе и се користи во тенкото црево за варење на мастите. Кога ќе изедете масна плескавица, жолчното ќесе се грчи и ја исфрлува жолчката низ каналот кој се надоврзува на тенкото црево, во кое таа, заедно co другите дигестивни сокови, ја разложува маснотијата од таа плескавица.

Меѓутоа, преголемо количество холестерол во жолчката може да предизвика проблеми доколку се стврдне и формира камења кои може да бидат co големина на зрно шеќер па се’ до такви co големина на слива. Во некои случаи, камењата во жолчното ќесе не предизвикуваат симптоми. Но кога каменот ќе се обиде да помине низ жолчниот канал, може да предизвика воспаление, силни болки и опасно блокирање на жолчните канали, кое понекогаш бара операција.

Ако преголемото количество холестерол во жолчното ќесе може да предизвика појава на камења (што некогаш е и наследно), логично е дека храната што го намалува нивото на холестерол ќе помогне ова да се избегне. Консумирањето на мали оброци во текот на денот исто така може да помогне, бидејќи во тој случај жолчното ќесе  редовно се грчи и опушта, така што камењата не стигнуваат да се формираат.

ШТО ДА СЕ ЈАДЕ

Житни снегулки co семе од индиски тегавец

Научниците веруваат дека семето од индиски тегавец го поттикнува жолчното ќесе да испушта повеќе жолчка, што ја намалува веројатноста за нејзино таложење и создавање камења. Семето од индискиот тегавец е одличен извор и на разградливи растителни влакна, кои го намалуваат нивото на холестерол.

Секое утро по 125 г снегулки би требало да ви помогнат да имате редовно празнење на цревата.

Авокадо, маслиново масло и масло од репа, риба и јаткасто овошје

Сите масти го поттикнуваат жолчното ќесе да се грчи, но заситените масти од плескавиците и сланината го покачуваат нивото на холестерол и ризикот од појава на камења. Мастите од авокадо, масло од репа и маслиново масло и од риба и јаткасто овошје, се незаситени и здрави за жолчното ќесе, а делуваат и превентивно за создавањето камења co поттикнување на жолчното ќесе да се собира и одржување на редовен проток на жолчка.

Обидете се колку што е можно да ги замените путерот и мастите во исхраната co масло од репа и маслиново масло, да јадете риба и јаткасто овошје наместо месо и да правите сендвичи co авокадо наместо co сирење.

Овошје, зеленчук и интегрални житарки богати co растителни влакна

Во испитувањето на здравјето на медицинските сестри, проект бо кој се следела здравсгвената состојба на повеќе десетици илјади жени во САД, жените кои внесувале најмногу растителни влакна имале за 35 проценти помала шанса да добијат камења во жолчното ќесе. Храната што содржи неразградливи растителни влакна – на пример, интегралниот леб, како и најголемиот број сорти овошје и зеленчук – е особено корисна. Едно иггражување покажало дека луѓето кои практикуваат вегетаријански начин на исхрана се помалку подложни на создавање камења во жолчното ќесе.

Дневно 25 – 35 г растителни влакна. Ова количество ќе го внесете на тој начин што ќе јадете 500 г овошје, 650 г зеленчук и три порции интегрални житарки.

Вино

Мноштво истражувања од понов датум покажале дека виното во умерени количества може да помогне за намалување на нивото на холестерол и на ризикот од појава на камења во жолчното ќесе.

Треба да се пие по една до две чаши дневно (поголемото количество е за мажи).

Кафе

Bo обемното исtражување на здравјето и исхраната на жителите на Канада, жените co камења во жолчното ќесе кои редовно пиеле од една до четири шолји кафе дневно пријавиле дека имаат помалку симптоми од жените кои не пиеле кафе.

Една до четири шолји дневно. Доколку сте чувствителни на кофеин, пијте го кафето пред 15 часот или не пијте воопшто.

Куркума

Научно е докажано дека куркумата, зачинот кој на карито мy ja дава жолтата боја, помага во спречувањето на воспаленијата во жолчното ќесе. Некои научници веруваат дека таа го поттикнува и движењето на жолчката. Доколку имате активни камења (особено ако се големи), не користете премногу куркума, бидејќи таа може да го поттикне грчењето на жолчното ќесе.

Една лажица дневно. Користете ја во подготвувањето кари, чорба од грашок, јадења од жолта тиквичка, гулаш и во други готвени јадења.

ШТО ДА СЕ ИЗБЕГНУВА

Масно месо, пржена храна и храна co трансмасни киселини

Храната богата co заситени масти може да го придвижи каменот во жолчното ќесе. Истото важи и за трансмасните киселини, кои ги има во маргаринот и во преработената храна.

Во испитувањето на здравјето на медицинските работници во Бостон, научниците открија дека големите количества трансмасни киселини го зголемуваат ризикот од појавa на камења во жолчното ќесе за 12%.

Ригорозни диети

Наглото губење на телесната маса е една од најчестите причини за појава на камења во жолчното ќесе. Прескокнувањето на оброците исто така може да го наруши односот на жолчните соли и холестеролот во жолчното ќесе.

Шеќер

Големите количества благи печива, слатки, газирани сокови и сладоледи кај некои луѓе може да предизвикаат промени во составот на жолчката кои доведуваат до создавање камења. Кога ќе почувствувате потреба да каснете нешто благо, земете сушено овошје и овошни десерти.

Пијалаци на база на кола

Повеќето темни газирани пијалаци содржат фосфорна киселина, која може да ги омекне камењата во жолчката. Ова може да биде опасно доколку каменот влезе во жолчниот канал. Општо земено, паметно е да се избегнува кока-кола. Некои лекари кои практикуваат природна медицина, пак, веруваат дека камењата може да се растворат co помош на мешавина од кока-кола и јаболков сок, кој содржи друг вид киселина. Доколку се решите за ваков пристап, направете го тоа исклучиво под надзор на експерт.