Калинка: лек за рак на простата, дијареа, паразити и други цревни инфекции

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат експертите.

Ова вкусно овошје е вистински концентрат од витамин Ц, богато со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси.

Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и портокалот) без додаток на шеќер, да се испие веднаш по цедењето или во текот на денот.

Поради можни интеракции со лекови, овој напиток не се препорачува за пациенти кои боледуваат од дијабетес како и за оние кои во терапијата користат антидепресиви и други лекови.

Растителните хормони кои се содржат во ова овошје, го намалуваат ризикот за појава на рак на простата.

Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е да со месеци се пие секојдневно по 250 мл сок

Кората од калинка содржи повеќе од 20% танин што и овозможува да биде ефикасен лек против проливи. Исто така, содржи до 17% пепел и алкалоидите пелетиерин, изопелетиерин, металпелетиерин и псеудопелетиерин.

Како да направите чај од кора од калинка?

Кората не треба да ја фрлате, туку треба да ја исушите и да ја зачувате за момент на потреба како што е случај при лечење на проливи, отстранување на цревни паразити и против цревни инфекции. Сувата кора од калинка иситнете ја на помали парчиња и складирајте ја на суво место.

За да направите чај земете 3 големи лажици иситнета кора од калинка и прелијте ја со 1 литар вода која врие, оставете да отстои 15 минути и потоа процедете го.

Пијте по 2-3 шолји чај на ден. Правилното дозирање на чајот е многу важно и не смеете да претерувате со дозата затоа што може да влијае токсично.

Чајот од кора од калинка можете да го користите и за испирање на устата против афти, облоги на кожа против дерматитис итн.

Употреба на кората од калинките е корисна и специфична.

Ова е многу корисно растение и овошје кое овозможува употреба не само на плодот, туку и неговата кора, кората и гранките од стеблото, па и коренот.

Се смета дека кората од стеблото на калинката е еден од најдобрите лекови против цревните паразити, а посебно против оние познати под името пантличари.

Со оглед на тоа што е корисна, но превисоки концентрации во организмот може да влијаат неповолно, препорачуваме да се консултирате со добро упатено стручно лице или лекар.

loading...