Променливите временски услови предизвикуваат мигрена, астма, кардиоваскуларни проблеми, несоница , вртоглавица па дури и психолошки нарушувања.
Есента неодамна ни пристигна, па времето сега е најпроменливо, ден сончево, ден врнежливо, температурите варираат од утро до вечер, а сето тоа влијае врз здравјето на луѓето.

Габичките на стопала и нокти: како можете да се избавите од неа!

Како да ја зголемите големината на градите за два броја!

Колку поголем – толку подобар: историјата на огромниот…

Со овој производ може безболно да се зголеми … од 5-7см за само неколку месеци

Тоа е ефикасно средство за подмладување! Брчките исчезнаа сосема без трага!

Како да се зголеми големината на градите за 2 за 1 недела!
Веројатно сте слушнале како некој се жали дека не се чувствува добро поради времето и временските услови. Може да ви се чини чудно, но, всушност, имаат право.
Временските услови имаат влијание како врз физичката, така и врз психичката состојба на некои луѓе, а најсилен ефект има дожделивото време. Бидејќи човек реагира на различен начин на промените во времето, не може да се прогнозира кој и како ќе биде погоден од неговите каприци. Обично жртви на сезонските промени стануваат луѓе кои се повеќе подложни на промени во атмосферскиот притисок , степенот на влажност и температура на воздухот. Еве и какви здравствени проблеми може да предизвика времето :
Силна мигрена
Утврдено е дека секој втор пациент кој страда од мигрена, тврди дека таа се засилува при промени на временските услови. За жал се уште нема откриен лек против мигрената, но постојат средства кои можат малку да ја намалат болката при промена на временските услови.
Ревматични болки
При влажно и дождливото време, кога заладува , не е исклучено да се јават некои стари повреди, да се засилат болките кај пациентите кои страдаат од реума или артритис. Тоа е така затоа што при такви временски услови атмосферскиот притисок паѓа, а со него се намалува и нивото на течностите во организмот. Така нервните завршетоци стануваат почувствителни и полесно се потат, што пак доведува до полесно дразнење на зглобовите.
Сезонски алергии и астма
Сувиот воздух, студеното време и ветерот, кои носи милиони микроскопски честички (прашина), често ги предизвикува сезонски алергии, меѓу кои и најзастапената, алергија на полен. Слични временски услови се способни да предизвикаат и напад на астма.
Кардиоваскуларни проблеми
Наглите промени на временската состојба, меѓу кои и заладувањето во овој период од годината, можат да доведат до проширување на крвните садови и на тој начин да влијаат на крвниот притисок во организмот.
Психолошки нарушувања
Научно докажан факт е дека лошото време во текот на зимата е причина за депресија и нервни растројства. Поради недостаток на доволно витамин D, лошото време е способно само да го расипе расположението, но исто така и да ви нанесе несоница , вртоглавица, да ве натера да се чувствувате уморни без причина или да ве направи нервозни.
Совети против влијанието на времето врз здравјето:
Навикнете го организмот – без разлика дали времето е убаво или лошо, излегувајте почесто на отворено за да се навикне организмот со различните ” расположенија ” на времето и да е подготвен за нив.
Наизменични топли и ладни облоги – така можете да ја олесните болката при заболувања на зглобовите и да го минимизирате влијанието на временските услови врз проблематичните зони.
Направете си сами терапија од алтернативната медицина , која се препорачува на луѓе чие здравствена состојба се подобрува во одредени климатски услови. На пример, кога ќе видите дека времето ќе се расипува, а тоа ви предизвикува акутна мигрена, направете си дводневна екскурзија до некое потопло и пријатно место.