Хемороидите претставуваат проширени вени на ректумот, сместени во најнискиот дел на правото црево и анусот.

Понекогаш доаѓа до нивно отечување, па при празнењето на цревата ѕидовите на вените стануваат претерано напрегнати, тенки и надразнети.

Кога овие отечени вени ќе почнат да крвават, да чешаат или да болат, ги нарекуваме хемороиди. Нив ги делиме на внатрешни и надворешни хемороиди.

СИМПТОМИ:

-обилно црвено анално крварење, што се гледа на изметот или на тоалетната хартија

-чувствителност или болка при празнењето на цревата

-болен оток или јазол во близина на анусот

-слузест анален секрет

Внатрешните хемороиди се сместени длабоко во внатрешноста на дебелото црево и не можете да ги видите или да ги почувствувате. Тие не се болни а единствен знак за нивно постоење се крвавењето при празнење на цревата.

Понекогаш доаѓа до пролапс, односно до нивно спуштање до аналниот отвор, па тогаш се многу болни и можете да ги напипате. По правило, таквите хемороиди со време самите ќе се повлечат, во спротивно, можете и сами да ги вратите на нивното место.

Надворешните хемороиди се наоѓаат во анусот и главно се болни. Ако надворешниот хемороид се спушти при празнењето на цревата, можете да ги видите и напипате. Ова болно нарушување што се нарекува тромбоза, може да ја менува својата боја во виолетова или сина.

Овие хемороиди не се опасни и најчесто се повлекуваат за една недела. Ако болката е неподнослива, лекарот може да ви го отстрани грутчето со едноставен зафат во ординацијата.

Народно лекување

За надворешни хемороиди:

1 компир се ренда и се полева со педесетина милилитри маслиново масло.

Содржината се става на стерилна газа.

Ваквата облога се става на анусот – да стои во текот на целата ноќ.

За внатрешни хемороиди:

Компирот се сече на стапчиња, како на фотографијата, претходно излупен.

Парчето компир со соодветна големина, натопете го во маслиново масло и пред спиење ставете го во аналниот отвор, па така преспијте.

Не паничете, утрото парчето компир ќе биде омекнато и ќе биде исфрлено надвор заедно со изметот.