Во денешното брзо време, исполнето со нервози на секој чекор, не можеме, а да не се нервираме. Срцебиењето, тахикардијата е само една од многуте последици на стресниот живот кој го живееме.

Многу од нас го знаат она чувство кога срцето во градите започнува да работи некако потешко од вообичаеното. Ние ви нудиме два едноставни, но ефектни методи кои може да ви помогнат при забрзано чукање на срцето.

При нагло паѓање на температурата на човечкото тело, срцето почнува да чука забавено. На тој начин нервниот систем го прилагодува организмот на новонастанатите услови.

Срцето најбрзо реагира кога ќе се олади лицето, бидејќи тоа му е поблиску од останатите делови од телото.

Прв начин:

Во длабок сад се става ладна вода. Што е поладна водата, тоа е подобро, па ако имате мраз, додадете го и него.

Задржете го здивот, ако треба и со прстите притиснете го носот и одеднаш нурнете го лицетото во ладната вода, неколку секунди.

Ако немате соодветен сад, наполнете вода во дланките и спштете го лицето во нив. Исто така, можете малку и да ја масирате кожата со коцките мраз, особено околу слепочниците.

Втор начин:

Со оваа постапка ќе дејсствуваме на нервот кој ги регулира контракциите на срцето. Техниката се изведува на следниот начин:

Земете длабоко воздух и напрегнете ги стомачните мускули. Со палецот и показалецот, затворете го носот, устата и очите.

Пробајте со така затворена уста, да направите издишување, додека и понатаму ги напрегнувате стомачните мускули.

Ниту еден од овие постапки, не смеете да ги применувате, доколку тахикардијата е пропратена со силна градна болка и чувство на недостаток на воздух. Во вакви ситуации, најдобро е веднаш да повикате “Брза Помош”!