Како да се ослободите од липом под кожа: рецепт за отстранување масно ткиво

Липом е бениген тумор кој се состои од масно ткиво. Овој израсток, по правило, е безболен и се придвижува на допир. Се јавува на разни делови од телото, па дури и на стомакот. Липомите се создаваат кога од низа причини доаѓа до затнување на протокот на лимфната жлезда или едноставно, се зголемил бројот на масните клетки на одреден дел од телото.

Поради неправилна исхрана, живот без физичка активност и лоша моторика на цревата, штетните супстанции не се отстрануваат навремено од организмот, па често се создаваат наслаги во вид на израстоци како овој. Масното ткиво не предизвикува непријатност, туку претставува само естетски проблем. Особено не е убаво за око доколку се појават мноштво липоми (липоматоза).

Никако не смеете да го стискате масното ткиво: пренесувањето на инфекција може да предизвика тешки последици, бидејќи повреденото ткиво уште повеќе и побрзо се шири.

При откривање на липом се советува дека масното ткиво со големина од околу 2 см може полесно да се раствори со консумирање на специјални лековити супстанции, а од поголемите израстоци се зема материјал за испитување за да се утврди дека навистина станува збор за бенигно масно ткиво, а не малиген тумор.

За да се спречи натамошна појава на липом, потребно е оние кои имаат проблематична кожа (акни, себореја) внимателно да се негуваат и да користат разни гелови за миење и пилинзи (овие последните најмногу двапати седмично).

Во исхраната мора да има повеќе целулоза (зеленчук и овошје) и интегрални житарици, минимум масна храна, јаглени хидрати и слатки.

Постои и генетска склоност кон создавање на липоми, па во тој случај негата на кожата може да биде многу внимателна: голема е веројатноста дека липомите секако ќе се создаваат, но доколку внимавате тие ќе бидат поретки и помали.

ОБЛОЗИ ОД КАЛАНХОЈА И ЛУК

Истолчете во аван свеж лист каланхоја (lat.Kalanchoe pinnata) и ставете го како облога на масното ткиво, фиксирано со завој или фластер за да преноќите со него. Терапијата трае две-три седмици.

Чешне лук истолчете во аван, додадете две-три капки растително масло, измешајте и нанесете од кошата врз ткивото, со лесно и нежно втријување во кожата. Оставете 20 минути да се исуши. Потоа исплакнете со топла вода и намачкајте со 20% раствор од прополис. Процедурата практикувајте ја трипати дневно до оздравување.