Хемороидите се вени во аналниот канал. Преку една половина од вкупната популација има некој вид проблеми со воспалени хемороиди со различни симптоми кои варираат од лесен јадеж до силни крвавења со болки. Хемороидите може да бидат внатрешни и надворешни.

Отечени внатрешни хемороиди се обично безболни ректални крвавења, додека надворешните доколку не дојде до тромбоза, може да предизвикаат лесен јадеж или чувство како да имате глисти. Во случај на тромбоза хемороидите може да бидат многу болни и отечени кај анусот.

Основен услов за лекување на хемороидите е добра дигестија и редовна столица. Лицата кои имаат проблеми со хемороиди да пијат најмалку 6 до 8 часа вода или чај дневно. Добрата хидрираност придонесува за редовност на столицата и превенција и регулирање на хемороидите.

Уште еден многу важен совет е дека потребата за одење во тоалет не смее да се одложува, бидејќи со секое одложување екскрементот стврднува и потешко излегува. Вака тврдата и голема столица врши дополнителен притисок врз вените, па создава тегоби и ја влошува состојбата. Исхрана која не содржи влакна, доволно интегрални житарици, овошје и зеленчук, речиси секогаш со текот на времето предизвикува појава и тегоби со хемороидите.

Објаснувањето за оваа појава е многу едноставно. Столицата која е многу тврда, нередовна и компактна, споро или ретко излегува и се задржува во цревата. Во ваков случај таа врши притисок врз вените кои отекуваат, ја задржуваат крвта и под притисокот започнуваат да болат, иритираат или крвават. Кога столицата не е тврда, тогаш не се задржува бидејќи нема притисок ниту тегоби. Кај многу луѓе кои имаат повремени проблеми, промената во исхраната или губиток на тежината кај дебелите луѓе предизвикува значително подобрување на состојбата, па дури и целосно исчезнување на тегобите.

Уште еден важен фактор е редовната хигиена, односно редовно и детално миење со ладна вода. Потоа исушете го подрачјето задолжително, за да не остане влага која би била погодна за развој на бактерии.

Од советите од овој вид на крај е важно да се спомене и фактот дека долготрајното седење, стоење и подигање на тешки предмети има влијание врз оваа појава, ноповеќето луѓе поради природата на нивната работа не се во можност да влијаат на овој вид промени и превенција.

Доколку примените поголем дел од наведените совети можете да ги превенирате хемороидите, односно да ги ублажите и целосно да ги елиминирате тегобите без дополнителни лекарства.

Ви ги предлагаме овие два природни лека за брзо делување:

1. Сокот од лимон спречува внатрешно и надворешно крвавење на хемороидите, односно цитричните биофлавоноиди се тие кои состојбата со вените и капиларите ја прави постабилна и посилна. Лимонот е богат со активни состојки кои спречуваат опстипација, ја чистат крвта, делуваат противвоспалително и против инфекции предизвикани од слободните радикали.

Наутро исцедете лимон во шолја млака вода и испијте го на празен стомак. Доколку сакате да го забрзате лекувањето консумирајте сок од лимон во текот на целиот ден. Ова ќе има големо позитивно влијание врз целокупниот организам а не само на хемороидите.

Истовремено, доколку немате отворени внатрешни рани, со остатокот од кората од лимонот (внатрешната страна) измасирајте ги хемороидите внимателно од надворешната страна, а потоа намачкајте со гел од алое. Алоето ќе делува антивоспалително, антисептички, а ќе помогне и за обнова на ткивото. Доколку имате рани мачкајте со алое гел, па кога ќе за зацелат преминете на лимон.

2. За вториот лек ќе ви биде потребно подолго време и повеќе состојки за приготвување: Потребни ви се свеж магдонос и свежо коњско опавче, во количина отприлика две полни шаки. Прво добро измијте ги и оставете ги да се исушат. Потоа исечкајте ги или сомелете ги до кашеста состојба.

Прелијте ги вака измешаните билки со што поквалитетно маслиново масло. Оставете да отстои 4 седмици на топло место, добро затворено во стаклено шише. Ставете толку маслиново масло колку што е потребно за целосно да ги потопи билките. После 4 седмици маслото процедете го и според потребите аплицирајте на болните места, на хемороидите од надворешна страна или по пат на натопен тампон или газа на внатрешните хемороиди да отстои најмалку 1-2 часа за да може маслото да делува.

Применувајте еден од овие природни лекови според потребата, се додека целосно да ги елиминирате тегобите. За трајно решавање на проблемите потребно е да се придржувате на советите дадени од првиот дел на нашиот текст, кои се однесуваат на хигиена, исхрана, дигестија и тежина. Добрата дигестија и редовната столица се клуч за ослободување од болки, пецкање, крвавење, притисок и останатите тегоби предизвикани од хемороиди