Во поголемиот број случаи, дамките од теписи можат лесно да се отстранат, но само ако делувате брзо. Ако дамката сте ја оставиле да се исуши – ќе ја отстраните многу потешко или никако.

Следете ги нашите совети.

Дамка од фломастер

Протријте со алкохол и чиста крпа, а потоа исперете со детергент. Дури ни агресивните средства за чистење на подни облози не го даваат секогаш посакуваниот резултат – а да не спомнуваме колку се штетни по здравјето.

Значи, дамката отстранете ја веднаш по настанувањето, а еве најопшти правила и средства за чистење на извалканиот тепих, теписон или други текстилни покривки.

Хемиско пенкало

Истријте ја дамката со крпа натопена во алкохол. Секојпат, влажната крпа нека биде чиста, а кога малку ќе се извалка, променете го делот со кој чистите. Кога ќе ја извлечете дамката, исперете го тепихот со детергент кој дава сува пена.

Восок

Покривајте го восокот постојано со нови, чисти хартиени салвети или канцелариска хартија и упорно пеглајте ја хартијата одозгора. Восокот така ќе се стопи и ќе се извлекува слој по слој. Повторувајте ја постапката се додека да го отстраните целиот восок.

Гума за џвакање

Механички отстранете се’ што можете од површината, а остатокот обидете се да го отстраните со алкохол или метил-алкохол. Постапката повторете ја повеќепати.

Мастило

Дамката можете да ја исчистите со детергент за теписи ако тоа го правите полека. Секој пат употребете по малку детергент и веднаш впивајте ја валканата маса. Ваквата дамка веројатно нема да успеете во целост да ја исчистите поради специфичниот состав на мастилото.

Дамка од ќумур

Поросете кујнска сол, потоа поминете со правосмукалка, па исперете со детергент.

Масло и маст

Тапкајте ја наизменично дамката со парче памук натопено во алкохол и перете со детергент. Чистењето на големи површини извалкани со масло е најдобро да му го препуштите на сервисот за машинско перење на теписи.

Кал

Оставете ја калта сосем да се исуши, па прво механички отстранете со тврда четка и правосмукалка. Нечистотијата која ќе остане после тоа можете да ја отстраните со алкохол, па потоа со детергент.

Боја

Истурена боја е невозможно да се исчисти ако дозволите да се исуши. Инаку, различни бои се однесуваат различно.

Па така, акрилната боја се пере со благ детергент, па натопете со метил-алкохол.

Дамките од целулозна боја се вадат со разредувач.

Емулзиите исперете ги со ладна вода додека бојата се’уште е влажна.

Лаковите се перат со сунѓер кој претходно сте го натопиле во алкохол.

Катран

Прво механички истругајте ја дамката, потоа натапкајте со алкохол, па исперете со детергент.

Непријатни мириси

Непријатните мириси (од вашите љубимци) кои останале на тепихот, ќе ги отсраните ако дамката ја исперете со крпа натопена во раствор од оцет и вода, а кога ќе се исуши да ја поросите со сода бикарбона. Потоа едноставно само поминете со правосмукалка.

Како вие ги вадите дамките? Споделете ги вашите искуства во коментар!