loading...

Како да одгледате лимоново дрво во украсна шолја или саксија

Одгледувањето на лимон од семки е многу интересно особено за децата, кои после испиената лимонада можат да го следат развојот на билката и со неа да растат.

Иако лимонот започнува да цвета како многу млада билка, плодовите ги дава дури после неколку години.

А дали знаевте дека во својата шолја можете да засадите вистинско лимоново дрво?

За тоа ви се потребни неколку семки од лимон и убава земја.

Одберете ги најубавите и најголеми семки од лимонот или од цитронот (кога ќе си правите лимонада). Исчистете ги од надворешната тенка лушпа. Прелијте ги со вода и оставете ги така 6-7 дена, а водата менувајте ја секој ден.

Кога вака ќе ги потопите, семките ќе се прекријат со желатинозна кожичка и тоа е нормално.

На дното од шолјата ставете неколку камчиња за да се направи дренажа, па потоа наполнете ја шолјата со влажна земја. Семките се ставаат во земјата со остриот дел надолу, оставајќи помеѓу нив простор од околу 5 минути.

Потоа семките прекријте ги со песок. Не заборавете да ја прскате површината со вода секои 2-3 дена. Можете да ја поклопите шолјата со најлонска фолија или кеса и со тоа да направите ефект на стаклена градина.

Продолжете да прскате со вода еднаш во два дена, за да го помогнете растот на новите билки.

loading...

За 7-8 дена треба да се појават првите ркулци.

Ако се појавиле повеќе нови билки, можете внимателно да ги пресадите во друг сад, за да не им биде тесно.

После 3-5 месеци кога расадот ќе порасне, треба да ги одберете најубавите и најсилните па да ги засадите во поединечни саксии, а составот на земјата да остане ист.

Сепак немојте да очекувате дека дрвото ќе ви роди ако не го калемите, но со добра нега може да стане многу убава и раскошна собна билка. Значи, ако сакате да ви бидне родно, дрвото мора да го калемете.

Лимонот сака да се тушира, летно време редовно да се полева, да се храни со ѓубриво за цитруси и по можност да се изнесува на воздух. Оние што имаат двор и градина, можат заедно со саксијата да го закопаат на некое сончево место.

Зимно време лимонот сака светли и свежи простории, секако без мраз. Поливајте го умерено, колку да не му е сува земјата. Ако дел од листовите отпаднат, не грижете се, тоа е нормално. Напролет поткастрете го, а за кратко време ќе му израснат нови гранчиња и ќе се претвори во прекрасна грмушка.

loading...