Се наближуваат новогодишните празници а кај луѓето полека се зголемува раположението и желбата за украсување на нивните домови. Порано оваа божиќна пченица, традиционално се засадувала за Свети Никола…

Една од варијантите, полесната е – да ја засадите пченицата на влажен памук или натопена тоалетна хартија во чинија, да ја оставите на топло место и да залевате по потреба (но не премногу).

Меѓутоа, голем недостиг на овој начин е непријатниот мирис кој се испушта кога пченицата ’рти и оззеленува.

Затоа, можеби класичниот начин за садење на пченица е најдобар, односно во земја.

Не е потребно многу земја, ниту многу пченица. Доволно е во плиток сад да ставете земја, преку неа да распоредите зрна пченица, па да ставете уште малку земја.

Земјата не треба да се залева многу за да не изгнијат зрната, а доволно е само да ја испрскате секој ден.

Не заборавајте во средината од садот или чинијата да оставите место за свеќа, која ќе ја запалите на божиќната трпеза…