Симптомите како што се зголемен апетит, чувствителни гради и раздразливост, најчесто ги препишуваме на ПМС, но многу слични појави се јавуваат и во текот на раната бременост.

Имено, хормоните и во двата случаи предизвикуваат промени во телото, а за да научите како да ги разликувате ви ги откриваме следните 7 разлики:

1.Имплантациско крварење

Еден од првите знаци на бременоста кои често можат да се заменат со менструацијата е имплатациското крварење. Се појавува од 6 до 12 дена од зачнувањето. Имено, тогаш ембрионот се всадува во матката и поттикнува лесно крварење пропратено со грчеви. Со оглед на тоа што сите симптоми укажуваат на менструација, вниманието треба да се насочи кон количината на крварењето која во овој случај е значително помала.

2.Чувствителни гради

Иако чувствителните гради се најчести симптоми на ПМС тоа се и првите симптоми на бременоста. Во вториот случај тие стануваат поотечени, а ауеролите потемнуваат. Покрај тоа, чувствителноста на градите при раната бременост не престанува после неколку дена, туку станува посилна.

3.Невообичаен умор

Исцрпеноста во текот на вообичаените активности, зголемената потреба за одмор, како и зачестениот замор се едни од првите знаци за бременост. Тие најчесто се јавуваат во првото тромесечје кога телото се привикнува на новите промени.

4.Често мокрење – силен показател:

Зачестеното мокрење кое не е пропратено со грчеви и болки, како што може да биде при ПМС, е еден од знаците за бременост. Тоа се случува поради ширењето на матката која го притиска мочниот меур. Во текот на бременоста телото природно произведува повеќе течност, при што се јавува и зголемена потреба од течности.

5.Мачнина и преосетливост на мириси

Зголемена потреба за вкусови, солени или слатки, е добро познат симптом на ПМС, како и чувството на тежок желудник. Но не е истиот како при чувството на мачнина пропратена со повраќање. Имено таквите нуспојави се јавуваат наутро и навечер, а се добро познати симптоми на бременоста.

6.Вртоглавица

Наглите вртоглавици и чувството на слабост при ПМС се јавуваат најчесто како последица од болките кои со престанок на циклусот исчезнуваат.

Но доколку таквите симптоми продолжат во подолг период, а менструацијата изостанала, тоа се симптоми на бременост. Имено, слабоста ја предизвикува ширењето на матката која прави притисок во артериите на нозете и пад на крвниот притисок.

7.Зголемена температура

Зголемената температура на телото и честите топлотни бранови се најчестите симптоми на раната бременост. Зачестената врелина најчесто е пропратена со потење и чувство на мала неугодност.