Во текот на годините, доаѓа до промена во работата на црниот дроб. Секако, неговата функција е филтрирање на токсините од организмот и тоа колку може побрзо, пред да направат некакво оштетување. Меѓутоа, во ова модерно време, неговата работа е многу потешка во споредба од времето пред 100 години.

Кога ќе размислите колку нашето тело е изложено на токсини секојдневно, ќе увидите дека црниот дроб мора да работи и преку свои можности. Од пржена храна која е третирана со пестициди и токсини од воздухот кои ги дишеме, па речиси се’ мора да се филтрира ниц овој орган.

Причини и симптоМи за оштетен црн дроб:

Некои од симптомите можат да наговестат заболување на црниот дроб:

  • -Екскрементот или урината се абнормални (поинаква боја, конзистенција, количина и мирис од вообичаено)
  • -Кожата добива жолтеникава боја со текот на времето и не се подобрува ниту со промена во исхраната.
  • -Развој на мононуклеоза.
  • -Белките на очите се жолтеникави или крвави.
  • -Присутни се стомачни тегоби или дигестивни проблеми.

Едноставен тест на хепаталните ензими кај лекар и може да се утврди дали се во нормално ниво или не.

Постојат многу причини за оштетување на црн дроб. Прекумерно консумирање на алкохол е најчестата причина за оштетување на црниот дроб, бидејќи алкохолот мора да се исфилтрира низ овој орган.

Покрај тоа, нездравата исхрана може исто така да доведе оштетување. Премногу масна, пржена или индиструски преработена храна остава последици по здравјето и особено по црниот дроб. Ако вашата исхрана е сиромашна со овошје и зеленчук, може да бидете во опасност.

Конвенционалните третмани може да бидат многу штетни за вашето тело во целина. Чекање за транспантација на црн дроб може да потрае со години, самиот зафат може да чини многу, а и после тоа пациентот е зависен од лекарства, бидејќи третманот и лекувањето трае долго.

Затоа, потребно да се грижите за вашиот организам и внатрешните органи, па повремено и да ги одмарате, односно да ги чистите од замастување и токсини.

СВЕЖО ЦЕДЕНИ СОКОВИ

Она што му е потребно на вашето тело е да ги исфрлите токсините. Еднаш вложувате во соковник, органско овошје и зеленчик, но тоа може да ви го спаси животот. Пробајте различни рецепти и комбинации, а секое утро започнувајте го со свеж сок.

МАСЛО ОД ОРИГАНО

Маслото од оригано може да ве ослободи од инфекции кои се појавиле во вашето тело како резултат на неправилната работа на црниот дроб.

ЧИСТА ВОДА

Плакнењето на организмот е значаен дел од овој процес. Дневно треба да се пијат најмалку 4 литри вода, односно според полот, возраста и телесната тежина, треба да одредите кое количество вода вам најмногу ви одговара.

СОК ОД БРУСНИЦА

Сокот од брусница е одличен за сите органи, а може да помогне при детоксикација на црниот дроб. Бидете сигурни дека користите природен сок од брусница без голем процент на шеќер.

РАСТИТЕЛНИ СУПЛЕМЕНТИ

Постојат многу билни додатоци на пазарот кои се наменети за здравје на црниот дроб.