Неверојатни вести: сексот со помал пенис може да пружи поголемо задоволство!

Ова е уште една приказна за величините, но сепак малку поинаква од другите.

Голем број мажи не се задоволни со величината на својот полов орган. Некои студии откриваат дека дури 45% од припадниците на посилниот пол не се задоволни со своите “димензии”, а притоа 85% од нивните партнерки се потполно задоволни со величината на партнеровиот полов орган.

Меѓутоа, дури ни оние мажи кои не можат да се пофалат со огромни димензии не треба да очајуваат, имено, имаме добри вести за нив.

Во интервјуто за порталот Dail Dot, сексуланиот терапевт Елизабет Мергат објаснува дека пенисите со помали димензии можат кај жените да предизвикаат поголемо сексулано задоволство и вистинска неочекувана сензација.

“Кај случаите со помал пенис е забележана поголема желба да се задоволи партнерката, а покрај пенетрацијата добриот сексуален чин го сочинуваат квалитетната предигра како и моментите после сексот.”

Меграт исто така додава дека мажите со помал пенис се поголеми авантуристи во сексуална смисла и дека се посклони кон експериментирање со нови играчки.

Сексолозите во овој случај ги советуваат партнерите да бидат креативни и без страв да испробуваат различни сексуални играчки како што се вибратори и прстени за пенис.

Клучната работа во целата приказна е дека никако не смеете да се чувствувате засрамено поради специфичната анатомија, туку во договор со партнерката да ги истражите најдобрите опции за да го направите сексуалниот чин што подобар, за да можат двајцата партнери подеднакво да уживаат.