Како да го стопите и најупорното сало на стомакот – рецепт за разбивање на мастите

Ако јануари за вас беше напорен месец поради сите тие празници и богати трпези, можеби е време малку да го одморите организмот.

Иако, статистиката покажува дека нормално човекот се здебелува за околу 3 килограми зимно време, сепак треба да се размислува во насока на здравјето, и да се направат подготовки за пролетта а особено за летото кога треба да се расоблечеме.

Затоа, постепено воведувајте еден ден седмично во кој ќе консумирате само свежо цедени сокови од овошје и зеленчук и на тој начин ќе му дадете време на вашето тело да се одмори, а органите кои се задолжени за детоксикација- да си ја извршат својата функција.

Исто така, како што постепено се затоплува времето, така вие зголемувајте ги вашите прошетки на чист воздух, и секогаш кога сте во можност, направете барем 10-15 минутни кардио вежби.

Најважно е да се разбуди метаболизмот кој зимно време од еволутивни причини се успорува. Кога еднаш ќе го забрзате метаболизмот, многу полесно ќе се ослободите од вишокот килограми.

Ние ви предлагаме еден пијалак кој ќе ви помогне во сето тоа, чии состојки имаат способност за многу кратко време да ве ослободат од токсините и мастите.

Меѓутоа, како и кај секоја диета, важно е да се придржувате до правилата. Што се однесува до овој напиток, важно е да го приготвите правилно и да го пиете редовно.

Подоцна ви останува само да уживате во одличните резултати, а првите очекувајте ги за помалку од еден месец.

РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

1 чаша сок до домати

¼ чаша лимонов сок

1 мала лажичка рендан свеж ѓумбир

1 мала лажичка лута пиперка во прав (или ½ лажичка црн пипер во прав)

2 стебленца целер (со средна големина)

Сите состојки без целерот измешајте ги убаво. Ќе добиете 220 мл напиток. Послужете во стаклена чаша и во неа додадете ги стебленцата од целер.

Додека го пиете напитокот, постепено јадете го целерот, убаво соџвакувајќи го. Напитокот и целерот треба истовремено да се консумираат!

Дневно, помеѓу оброците пригответе вкупно три чаши од овој разбивач на маснотии. Ако приготвите поголема количина за цел ден одеднаш, тогаш напитокот чувајте го во стаклен сад, во фрижидер.