Како да го фатите партнерот ако се сомневате дека ве изневерува: совет од експерт

Неверството постои многу повеќе отколку што се сомневате – ова го тврдат психолозите. Многумина дури и не ги ни препознаваат знаците со кои би се посомневале дека нивниот партнер ги изневерува – вели Грацина Фечнер, специјалист за човеково однесување од Сиднеј.

Таа советува да се обрати внимание на следното:

  • -парнерот одеднаш започнува да ги крие своите работи, како што е телефонот (не го испушта од раце)
  • -неговото однесување нагло се променило (започнува да се дотерува, да се гледа пред огледало, да се намирисува повеќе).
  • -често користи извинувања за нешто (отсутен е дома со разни изговори).
  • -пресврт во користење на социјалните мрежи (започнува да става љубовни статуси или да закачува свои фотографии).

Некои од знаците за предупредување се секако сокривањето на телефонот или некои белешки во џеповите. Честопати треба да се посомневаме во неверство ако партнерот започне се почесто да ги користи социјалните мрежи. Исто така, сомнително е и доколку престане да се занимава со некои работи што ги правел претходно со пријателите/ките – објаснува Фечнер.

Таа напоменува и дека прељубниците имаат слични особини, а важно е да се земат во предвид следните однесувања:

“Тие се доста кокетни и шармантни и уживаат во ангажмани околу луѓето. Навистина се добри соговорници. Знаат да ги контролираат своите емоции, бидејќи тоа е важен дел од изневерувањето. Во можност се да управуваат и со вашите емоции”, вели Фечнер.

Додава и дека прељубниците се одлични во планирање, бидејќи додека изневеруваат, многу работи мораат да ги ускладат за да не бидат разоткриени.

Пред соочување со прељубникот ви предлагам прво да пронајдете докази. Важно е да се соберат докази и смирено да се разговара. Во спротивно, тие ќе негираат, па дури ќе ве натераат и самите да се сомневате во сопствениот разум. Нема смисла да се дивее и да кршат чаши, советува таа.

И за крај, најважното:

“Ако одлучите на партнерот да му простите за неверството, една работа која треба да ја имате на ум е дека преку тоа мора да преминете и да продолжите понатаму. И никако не смеете да ја враќате таа тема повторно”.