Се смета дека човековите уши се орган кој самиот се чисти и тоа за време на џвакањето, кивањето, кашлањето, односно, при секои вакви мали и ненадејни движења, наслагите од маст (ушна кал) самите се елиминираат.

Но, понекогаш се случува, овие наслаги кои се акумулирале во ушниот канал да се претворат во „чепови“ па тогаш ушите се затнуваат.

Во такви случаи неопходно е да се направи процедура – испирање на ушите. Тоа е најдобро да го направите на лекар, но исто така, следнава постапка може ви помогне, а се прави во домашни услови.

Наједноставно и најдостапно средство за испирање на ушите и отстранување на чеповите е раствор на водороден пероксид, или попознат како хидроген.

Се препорачува веднаш да го примените кога ќе почувствувате непријатно чувство на зачепеност на ушите.

Она што е потребно е следното:

Со пипета накапете 4-5 капки 3% хидроген во увото.

Треба да ја наведнете главата, или уште подобро ако легнете и да останете во оваа положба околу 5 минути. Ќе го почувствувате карактеристичното шуштење во увото, што значи дека дошло до реакција и „чепот“ започнал да омекнува.

Потоа, пребришете со хартиена салветка. Во текот на постапката, не користете стапчиња за уши.

Обично, хидрогенот одлично го совладува проблемот со наслаги во ушите.

Ако после првиот пат не сте почувствувале значително олеснување, повторете ја постапката уште еднаш по неколку часа. Истата процедура можете да ја повторите и следниот ден.