Малите црвени јачменчиња кои најчесто се јавуваат во пределот на очите, можат прилично да бидат иритабилни и да не изнервираат. Тие меѓутоа, не се ништо претерано сериозно, но и покрај тоа треба правилно да се третираат.

Јачменчињата можат да се формираат кога некоја бактерија ќе дојде во допир со слузокожата од капакот на окото. Тие најчесто, на ниеден начин не влијаат врз видот и видното поле.

Кога ќе се појават болат на допир, но како „стареат“ и зреат стануваат се помали и помалку болни. Лекарите обично за јачменчињата препишуваат орални антибиотици, а понекогаш и капки за очи.

Важно е само никако да ги дупнувате и да не ги цедите, бидејќи тоа може да биде опасно и сериозно, многу поопасно од цедењето на обичните мозолки. Тоа е така бидејќи инфекцијата може да се рашири и на останатите делови од капакот, како и на другите делови од слузокожата околу окото.

Исто така, би можело да се случи и да влезе во окото, па дури и да дојде до мозокот преку крвните садови, што би можело да биде фатално.