Јаболките и праските на врвот: Кои намирници се најмногу, а кои најмалку третирани со пестициди

Секоја година светската организација која работи под името Environmental Working Group (EWG) објавува список на овошје и зеленчук кои во себе содржат најмногу и најмалку пестициди.

Веќе 50 години на врвот од овој „црн“ список со намирници кои содржат најмногу пестициди, како што можете да забележите, јаболката се на убедливо прво место, бидејќи тие обично ги прскаат пред и после бербата за подолго да останат свежи.

Втора година по ред на врвот од списокот за „најчисти“ намирници е авокадото, кај кое се пронајдени пестициди само 1% од примероците.

Компирот содржи најмногу пестициди во однос на својата тежина, кај просечните пиперки-бабури се пронајдени дури 15 различни видови пестициди вон сезона, додека шери доматите, нектарините, праските, грашокот и јаболката содржат околу 13 различни видови пестициди.

Списикот со „најпрсканите“ намирници е следниот:

1.Јаболка

2.Праски

3.Нектарини

4.Јагоди

5.Грозје

6.Целер

7.Спанаќ

8.Пиперки-бабури

9.Краставица

10.Шери домати

11.Грашок

12.Компир

Списокот со „најчистите“ намирници е следниот:​

1.Авокадо

2.Пченка

3.Ананас

4.Зелка

5.Грашок-смрзнат

6.Црвен кромид

7.Аспарагус

8.Манго

9.Папаја

10.Киви

11.Домати

12.Цитрон

13.Диња

14.Карфиол

15.Сладок компир (Батат)

Според овој список можеме да заклучиме дека најсигурни намирници се оние кои успеваат во тропските краеви и не можат да се одгледуваат во оранжерии без одговарачка клима.​

Сите намирници кои обично ги купуваме надвор од сезона, треба да ги одбегнуваме, па затоа заборавете на полнетите пиперки и свежата салата од домати и краставици во зима, бидејќи од нив нема да добиете ништо добро.