Испробан лек за груби и испукани пети, дланки, калуси на стапала и грди нокти

Ова е одличен рецепт за груби дланки, испукани пети, калуси на стапалата и грди нокти на нозете. Делотворен е и проверен а потребни ви се само две состојки: глицерин и медицински алкохол 70%.

И двете состојки можете да ги купите од аптека.

Потребни состојки:

50 мл глицерин

50 мл медицински алкохол

Постапка:

Помешајте еднакви делови од глицерин и 70% алкохол, во однос 1:1.

Употреба:

Со мешавината мачкајте се двапати дневно, наутро и навечер, на сите критични места. Фантастичните резултати се видливи по само 10 дена!

Петите ќе ви станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.

Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!