Искуство: Со диетата со суви сливи ослабев 18 кг за три месеци

Со оваа диета се слабее 1 кг дневно. Многу е ригорозна но дава одлични резултати. Уште на самиот почеток, мора да знаете дека оваа диета спаѓа во јојо-диетите, па доколку не внимавате, лесно може да ги вратите назад изгубените килограми.

Според искуството на читателката која ни ја испрати оваа диета:

„Оваа диета ја држев после првата бременост. Ослабев 18 кг за три месеци. Несакам да навлегувам во тоа колку е здрава оваа диета, но дека си ја врши својата работа, тоа можам да гарантирам. Јас лично не сум ја држела повеќе од 5 дена, и тогаш знаев да паузирам од 3-7 дена. За тоа време додека паузирав ми се враќаа назад околу 2 кг.

Течности не пиев многу освен кафе, но немав ни потреба. Вежби правев секојдневно по отприлика 15-тина минути.“

ДИЕТА СО СУВИ СЛИВИ

За појадок: 6 суви сливи.

Околу 10 часот: 1 јаболко.

За ручек: 1 тврдо варено јајце и една виршла.

За ужина (околу 16 ч.): 1 јајце и една виршла.

За вечера: 1 јогурт (250 мл).