Иницијатива на Д-р Митов ЕДНА УЖИНКА за ЕДНА ГРАДИНКА

Почитувани пријатели,

Денес ја најавувам иницијативата „ЕДНА УЖИНКА за ЕДНА ГРАДИНКА” – иницијатива за трансформација на градинките во Република Македонија.

Што е суштината на оваа иницијатива?

Успешните компании во Македонија да се приклучат и да донираат ЕДНА УЖИНКА во неделата на една градинка.
Секако, тоа ќе биде здрава ужинка!

Со тоа имаме за цел да постигнеме ВЕРИЖНА реакција:

-ослободувајќи ги градинките од финансискиот товар за ужинките, средствата кои ги имаат ќе можат да ги пренасочат кон останатите оброци, за и тие да бидат поздрави!

Во прв момент, фокусот на иницијативата ќе бидат оброците.

Ако продолжи успешно – ќе се насочиме и кон подобрување на состојбата со бројот на вработените.

ПРВА ФАЗА – промовирање на иницијативата

Во првата фаза, преку медиумите и социјалните мрежи, ќе ја прошириме идејата за оваа иницијатива. Ќе се потрудиме да убедиме што повеќе компании да се приклучат и да помогнат!

ВТОРА ФАЗА – организирање на иницијативата

Компаниите кои ќе се вклучат ќе го организираат Одборот кој ќе ја спроведува и надгледува иницијативата. Ќе има потреба од организирање на помошта и организирање на технички аспекти. На пример, нема да сакаме средствата да ги насочиме само кон мал број градинки, а други да бидат целосно
изоставени. Сакаме да помогнеме на сите градинки!

ТРЕТА ФАЗА – спроведување на иницијативата

Востановување на праксата за донирање на градинките, во период од неколку години, додека институциите не обезбедат понатамошна одржливост на проектот. Општините и МТСП ќе бидат поканети да се приклучат и преземат постепено.

Не е обврска само на државата работите да одат напред. Сите ние можеме да помогнеме!

Да покажеме дека можеме да се здружиме за една добра работа и да работиме заедно кон таа цел, без разлика на се’ !

Иницијативата ќе ја презентирам по сите медиуми во престојниот период. Секоја помош е повеќе од добредојдена!

Изразете ја својата поддршка преку споделување на оваа објава!

ДА ПОЧНЕМЕ ОД ПОЧЕТОКОТ – ОД ГРАДИНКИТЕ !

Д-р Александар Митов