Хиперпигментација е пореметување на бојата на кожата, а се карактеризира со темни дамки на кожата поради пораст на нивото на меланин, темен пигмент на кожата. Изложеност на сончева светлина, бременост, одредени болести, старост или повреда, може да доведат до пореметување на меланинот и создавање на неестетски темни дамки својствени за ова бенигно пореметување.

Точните причинители можеме да ги поделиме на две групи: надворешни и внатрешни. Во надворешни причинители спаѓаат сончевите зраци и некои хемиски соединенија како бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон и сл. Внатрешни причинители се всушност наследни, односно лицата со темна кожа имаат поголема склоност кон развој на ова пореметување.

Пегите, старачките дамки и дамките од сонце се предизвикани од штетните ултравиолетови сончеви зраци кои го оштетуваат меланинот и резултираат со привремена или трајна дисколорација. Често ваквите дамки можете да ги забележите на лицето и рацете, меѓутоа, може да се појават на било кој дел од кожата кој бил изложен на сонце.

Лузни од повреда или операција може исто така, да предизвикаат промена на бојата на кожата, а дури и кога проблемот ќе исчезне, темните места остануваат.

Мелазма е хиперпигментација на кожата која се јавува за време на бременост, иако понекогаш може да ги зафати и жените. Обично за неа се говори како за маска на бремената кожа, бидејќи темните дамки го покриваат лицето – главно носот и образите. Ова пореметување обично поминува само по себе по завршувањето на бременоста и не предизвикува поголеми проблеми.

ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА – РЕЦЕПТ

1.Земете 1 лажичка куркума во прав

2.Додадете 1 лажица сок од лимон

3.Промешајте добро

4.Нанесете на зафатените места

5.Оставете 15 минути да се исуши

6.Исперете со ладна вода

Не се изложувајте на сонце веднаш после третманот!

Најдобро е оваа маска да ја примените навечер, пред туширање.

Повторувајте еднаш или двапати дневно, до постигнување на видливи резултати. Овој едноставен лек навистина делува, а се темели според начелата на Ајурведа, древна индиска наука за здравјето.

Лимонот ја избелува кожата и поттикнува лупење, а куркумата освен што одлично ја мазни и избелува кожата (а тоа Индиците го знаат), делува и противвоспалително со што кожата добива сјаен и здрав изглед.

Оние што имаат многу чувствителна кожа, можат да го разводенат лимоновиот сок или да го заменат со млеко.