Кога ќе ви недостигаат идеи како да го украсите ордеверот или салата, а сакате да оставите впечаток, послужете се со некои од следниве идеи. 

За некои е потребна вештина, време и сечкање, но за повеќето декорации што овде ќе ги видите не е потребен голем труд. 

Ќе се изненадите како само во неколку потези може да добиете прекрасни декорации:

Украсни црвени печурки, цвет во машничка, шишарки, риба..

Едрилички на чепкалка, борови шишарки со бадем или ореви, или можеби печурки?

Ананас салата или можеби “грозд” од грашок…свеќички од пиперки, прекрасни кали од листови кашкавал…

Гасеница од варени јајца, мини гратчето на Штрумфовите, или можеби змија од тиквица/краставица…

Прекрасен снешко, елка од сечкан зеленчук, венче со свеќа…

И повторно елка, елка, часовник од “руска салата”?

И овие декорации се еден вид уметничко дело… свеќа од парче кашкавал и пламенче од пиперче… или можеби морков

Риба од рендан морков и ленти од кромид…хммм, многу досетливо!

Закусни за сите љубители на зеленчукот…елка од брокула!

Од варени јајца може да се направи најубавиот цвет! А од црни и зелени маслинки  се правата пчелички…

За да направите декорација од цвет и не е потребна голема вештина, само желба…

шарено, цвеќе со листови од свежо нане, полнети домати…