ЛЕКУВАЊЕ СО БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ

Изматете белка од едно јајце со една лажица шеќер во прав па додадете една лажица маслиново масло.
Една лажица од оваа мешавина треба да изедете наутро на празен желудник. После тоа не смеете да јадете ништо два часа. Терапијата трае 10 дена.

ЛЕКУВАЊЕ СО КЕФИР

Секој ден, навечер пред спиење испијте една чаша кефир, во кој сте додале една лажица маслиново масло. Оваа мешавина е добра за зараснување на чир во желудникот. Терапијата трае 1,5-2 месеци.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕНЕНО СЕМЕ

Во тегла ставете две лажици ленено семе. Прелијте со 2 чаши зовриена вода. Теглата затворете ја и оставете да стои преку ноќта. Наутро процедете низ двојна газа. Пијте наутро на гладен стомак, 30 минути пред јадење, по половина чаша од оваа слузава течност.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЖАЛФИЈА И ТЕГАВЕЦ

Земете една лажица жалфија и исто толку тегавец, па прелијте со 2 чаши зовриена вода. Оставете поклопено да отстои 2-3 часа, па процедете. Првите 10 дена пијте еднаш дневно по ½ чаша пред јадење, а потоа пијте 3 пати дневно по ½ чаша пред јадење.

ЛЕКУВАЊЕ СО АЈДУЧКА ТРЕВА

Една лажица ајдучка трева прелијте со 1 чаша зовриена вода. Пијте по половина чаша од овој топол чај наутро, на празен стомак, во текот на 4-5 седмици.

ЛЕКУВАЊЕ СО МЕД ОД ЛИПА

Ставете една лажица липов мед во чаша млака вода. Добро измешајте. Пијте по една чаша од овој раствор, половина час пред јадење, 3-4 пати дневно.

ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАСТОВА КОРА

Во емајлиран сад ставете 40 г храстова кора и прелијте со 1 литар зовриена вода. Оваа мешавина варете ја на тивко околу 20 минути. Потоа процедете. Пијте по 1 лажица 2-3 пати дневно.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЧАЈ ОД ОВЕС

Измијте го овесот. Навечер ставете во емајлиран сад една чаша овес. Прелијте го со 1 литар зовриена вода. Оставете да отстои поклопено 10 часа. Наутро ставете на оган, на тивко варете 30 минути, па оставете да отстои поклопено уште 12 часа. Процедете и додадете вода, доволно за да се добие еден литар течност. Пијте по половина чаша, 3-4 пати дневно, 30 минути пред оброк, во текот на 30 дена.

ЛЕКУВАЊЕ СО СЛАДОК КОРЕН

Две лажици сув сладок корен, варете во 0,5 литар зовриена вода на тивко, 10 минути. Нека отстои настрана уште 1-2 часа. Процедете и пијте по ¼ – ½  чаша, 3-4 пати дневно. Ова е многу добро средство за лекување на чир во желудникот и 12-палечно црево и гастритис.

ЛЕКУВАЊЕ СО АЛОЕ

Јадете листови од алое со големина од 4-5 см, 2 пати дневно на празен стомак, 20 минути пред јадење. Потребно е полека да го соџвакате листот, да го проголтате сокот и да ги исплукате растителните влакна. Терапијата трае 3 месеци. Потоа направете пауза од еден месец, па доколку е потребно, повторете.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЗЕЛЕНЧУКОВИ СОКОВИ

-Секојдневно пијте пред појадок и пред вечера по една чаша мешавина од свежо исцеден сок од: морков, зелка и компир. Терапијата трае 7 дена. Потоа направете пауза од една седмица, па повторете.

-Сварете компир во лушпа без додавање на сол. Пијте трипати дневно по 200 мл вода во која се варел компирот. Оваа вода го чисти организмот и треба да се пие подолго време.

ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ СО МАСЛО ОД КАРАНФИЛЧЕ

Во аван истолчете ги убаво каранфилчињата за добиете прав.
За да го направите маслото од каранфилче, вам ќе ви биде потребно:
3 супени лажици каранфилче во прав
1 чаша маслиново масло (ладно цедено)

Постапка:

Во стаклена тегла измешајте ги состојките и добро затворете ја теглата. Оставете ја да отстои 21 ден (три седмици) по што ова масло ќе стане лековито.

Употреба:

По една супена лажица наутро, пред појадок, на гладен стомак.
Ова масло го прочистува црниот дроб, го ослободува од токсини и паразити.