Можеби сте се обиделе да привлечете среќа и пари со фигура на слон но дали знаете каде точно треба да стои овој моќен фенг шуи симбол за да успеете во тоа.

Имено, фенг шуи експертите откриваат каде треба во домот да стои фигура на слон за да на оние кои живеат во него им се остварат лични желби.

Слон во близина на влезната врата привлекува среќа за семејството, додека слон во дворот ја штити куќата од негативните влијанија кои доаѓаат од надвор.

Фигура на слон во спална соба претставува љубов помеѓу двајца и го чува бракот, додека фигура на мајка слон со бебе слон ги чува добрите односи помеѓу родителите и децата.

Двојки кои посакуваат бебе треба да стават фигура на слон во спална соба, но не заборавајте да ставите ден и во детската соба – тој ќе привлече креативност и знаење.