Во 2001 година Џон Габриел тежел неверојатни 181 килограм и не знаел како да се избори со својата дебелина. Се обидувал со разни диети, но тие имале контра ефект, наместо да слабее, тој се дебелеел.

Но, тогаш се обидел без диети… Ги применил следните седум методи и ослабел 100 килограми! Сега успешно ги поучува и другите со својот „Габриел метод“.

1.Престанал да држи диети и одбирал само здрава храна

„Престанав со диетите и сфатив дека на моето тело му недостигаат клучни хранливи материи, како омега-3 масни киселини, свежи намирници и висококвалитетни протеини. Се потрудив да си обезбедам себеси што повеќе здрави намирници. Ако во некој момент ми се пријадеше пица или слатки, јадев таква храна, без грижа на совеста. На крајот, воопшто немав желба за таква храна, напротив, имав потреба само од здрава храна“-истакнува тој.

Честата флуктуација на телесната тежина при неуспешното држење (и одржување) на разни диети претставува стрес за организмот, толку доаѓа до исцрпување и на последниот атом од силите, што телото е приморано да каже „доста“, а тоа истовремено може да биде и крај на животот.

Во прашање е одбранбен механизам кој може да се заврши фатално. Накратко, кој премногу си игра со телесната тежина, би можел ненадејно да се соочи со сериозни или пак фатални последици.

Се поставува прашањето дали тоа го знаат произведувачите на диети и диетни режими? Секако, но тие не се грижат за тоа. Кога станува збор за профит, здравјето е секогаш на втор план. Клучот е во постепеното прифаќање на новите навики за здрава исхрана и живот, а не оние диетните кои најчесто се со краток здив.

2.Ги излекувал сите проблеми со дигестивниот систем

Џон сфатил дека проблемите со дигестијата се причина за вишок килограми. Неправилната дигестија доведува до хормонални проблеми и до таложење на масно ткиво. Овие проблеми се лекуваат со консумација на пробиотици и потребни ензими.

Рамнотежата на цревната микрофлора е динамична и може да се поремети под влијание на стареењето, лекови, стрес и исхрана која е карактеристична за современиот стил на живеење (висок внес на заситени масти, црвено месо, намирници богати со транс масти и низок внес на влакна) и други фактори од околината кои се од особена важност за здравјето и функционирањето на организмот во целина. Затоа е многу важна консумацијата на пробиотици за да се доведе во рамнотежа чувствителната цревна микрофлора.

Проблемот започнува кога во телото недостига (или нема доволно) одреден ензим кој е клучен за дигестијата. Храната тогаш останува несварена или недоволно сварена па започнува да гние во дигестивниот тракт. Бидејќи храната не се разложила до своите најситни делови, таа станува совршен медиум за развој на габички, бактерии и други микроорганизми, па се создава подлога за развој на болести. Исто така, при недостиг од ензими може да се развие интолеранција на одредена храна (односно, на некоја клучна состојка во храната).

3.Ги решил проблемите со спиењето

„Апнеа е состојба која ги погодува дебелите луѓе. Тоа делува врз хормоните и на тој начин доаѓа до создавање на вишок килограми, го подига нивото на кортизолот кој создава желба за брза храна и предизвикува пад на шеќерот“- вели Џон. Со помош на посебен апарат со име CPAP го санирал проблемот со пореметениот сон, а кога се изборил со апнеата, имал повеќе енергија, не сакал повеќе брза храна па и килограмите започнале да се намалуваат.

Апнеа е престанок на дишењето кое може да трае 10, 20 или 30 секунди, по што човекот се бори за здив. Тој циклус може да се повторува во текот на целата ноќ а за тоа спијачот да не е воопшто свесен, а наутро да се разбуди со сува уста, со главоболка и мамурлак. Исто така, можна е и поспаност во текот на денот, губење на меморијата, отежната концентрација, недоволно внимание, повлеченост и други проблеми.

Постојат два вида апнеа: опструктивна и средишна. При опструктивната апнеа доаѓа до стегање на грлото при спиење со што се оневозможува проток на воздухот низ дишните патишта. Кога ќе падне нивото на кислородот, мозокот испраќа порака „разбуди се и диши“. Тие епизоди можат да се јават и до 100 пати во еден час.

Средишната апнеа е многу поретка, се јавува во само 10% од случаите, и при тоа мозокот не испраќа сигнал за дишење, а е проследена со разни срцеви и невролошки пореметувања.

Ова пореметување се јавува кај 2% од жените и 4% од мажите со средна возраст, значи, неговата зачестеност е иста како зачестеноста на шеќерната болест или астмата. Исто така, претставува примарен фактор ризик за појава на висок крвен притисок. За среќа, доколку се постави точна дијагноза, апнеата е можно успешно да се лекува со физикална или механичка терапија, хируршко лекување или некоја друга неспецифична терапија.

Физикалната или механичката терапија вклучува примена на воздух под притисок кој со помош на маска или носен продолжеток се внесува во дишните патишта и ги држи отворени, така да може воздухот слободно да циркулира.

Втора можност е примена на направа која ги држи јазикот и долната вилица во положба нанапред, со што при полесен облик на апнеа се спречува стегање на дишните патишта. Направите се изработуваат за секој пациент поединечно, а обично ги поставува забар или ортодонт.

4.Медитацијата носи спас од стресот

Стресот го подига нивото на кортизолот и ја зголемува желбата за нездрава храна. Џон Габриел го пронашол спасот во медитацијата. Има се повеќе докази дека медитацијата има позитивни здравствени ефекти, па научниците сакаат подобро да разберат како оваа пракса физички делува врз телото. Нова студија од истражувачи од Висконсин, Шпанија и Франција, ги открива првите докази за специфичните молекуларни промени во телото после медитацијата.

Студијата ги истражувала влијанијата на секојдневното медитирање во група од искусни медитатори, и ги споредиле со група нетренирани контролни субјекти кои учествувале во тивки немедитативни активности. После осум часа практикување медитација, медитаторите покажале растојание на генетски и молекуларни разлики вклучувајќи и разни регулации на гените и намалено ниво на провоспалителни гени, што е во меѓусебна врска со брзото физичко закрепнување после стресна ситуација,

5.Го променил начинот на живот

Џон Габриел се преселил во нова куќа, која што е најважно, имала двор и градина.

Одлучил повеќе време да поминува надвор и сам да одгледува зеленчук и овошје. Секогаш кога ќе почувствувал глад, знаел дека во градината го чека многу здрава и вкусна храна.

6.Се соочил со емотивните проблеми

Нерешените емотивни проблеми и трауми од минатото можат да предизвикаат емотивна зависност. Спасот од незадоволството Џон го барал во храната. Но кога се соочил со своите причини за незадоволство, телото реагирало позитивно.

Причината зошто краткорочните диети биле толку неуспешни, е недостигот од грижи и несоочување со емоционалната страна на проблемите. Посегнувањето по „храна за угодување“ во текот на стресните моменти или тага не е ништо невообичаено, бидејќи оваа храна барем за кратко не прави да се чувствуваме среќни.

Но со оглед на тоа што „храната за угодување“ е една од најнездравите, после консумација на висококалорична храна, многу често се чувствуваме уште полошо. Секако дека емоционалното прејадување може да се надмине доколку сте подготвени да примените неколку чекори кон освестување за проблемите и воспоставување на баланс помеѓу своето тело и емоциите.

Начинот на размислување за храната како кон награда или како кон извор за угодување, дефинитивно ќе услови потешко совладување на нашите лоши навики. Од друга страна, размислувањето за храната како за извор на енергија и грижа како да се дојде до најдоброто можно гориво за нашиот организам, препорачувам да биде вашата нова мантра.

Пред да ја побарате храната во фрижидерот, прашајте се кои методи за релаксација ќе го постигнат сличниот ефект. Прошетка, релаксирачка бања, слушање музика или разговор со пријателите, можат да го постигнат истиот ефект без подоцна да имате грижа на совеста. Фокусирање на вниманието кон различни насоки е најдобриот начин да се одбегне искушението.

7.Детоксикација како последно решение

Кога се приближил кон магичната бројка од 100 кг и кога повеќето вишок килограми се стопиле, Џон се одлучил да ја проба детоксикацијата однодно чистење на организмот.

За таа цел користел лимонов сок, јаболкова киселина, зелени цедени сокови и многу салати.

Џон Габриел своето искуство го пренесува и на другите луѓе кои исто така постигнуваат многу добри резултати.