Феноменален трик – како да ги загреете стапалата зимно време

Веројатно сте забележале, секоја зима ви се смрзнуваат стапалата! Кога се многу ниски температурите, се намалува циркулацијата на крвта а таа споро доспева до екстремитетите.

Стапалата брзо се ладат, а тоа може да остави последици…

Настинки, циститис, воспаленија на бубрезите – е само дел од списокот од последиците од студени стапала. Но како да се загреат?

Понекогаш, во вечерните часови после работа, долго чекаме превоз или пак ги сакаме вечерните прошетки. Ниту чизмите со дебел ѓон и волнени чорапи, често не помагаат во задржувањето на топлината.

Прстите започнуваат да трпнат а вие чувствувате како студенилото се шири по целото тело.

Ова е одличен трик со кој вашите стапала ќе останат топли без разлика колку е надвор студено.

Ќе ви биде потребно:

-вашите зимски обувки

-ножици, маркер

-рефлектирачки материјал

Може да послужи фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот.

ПОСТАПКА:

Извадете ги влошките од вашите обувки и ставете ги врз фолијата.

Со помош на маркерот, отцртајте ги ивиците на влошките. Исечете ги новите влошки и ставете ги во обувките.

Врз нив вратете ги оригиналните влошки од обувките.

На овој начин рефлектирачката фолија ќе ја одржува топлината на телото и ќе го спречи продирањето на студот.

Нека ви биде топло оваа зима!