Многумина од нас се борат со акни и митесери и поради тоа посегнуваме по производи кои чинат многу пари а се преполни со штетни материи и хемикалии. Овие производи многу ретко помагаат, а понекогаш дури можат и да ја влошат состојбата.

Наместо тоа, најдобро е да ги испробате природните препарати како што е овој. На едноставен начин пригответе крем кој вашата кожа ќе ја направи почиста и поубава.

Потребни состојки:

1 лажичка лимонов сок

1 лажичка мед

1 лажичка мелено мускантно оревче

1 лажица цимет во прав

Приготвување и начин на користење:

Измешајте ги сите состојки во сад додека да добиете смеса, а добиениот крем нанесете го на лицето и оставете да делува 10-тина минути. Внимавајте на подрачјето околу очите и устата, а ова важи за нанесување на било кој крем.

Додека делува кремот, ако се јавува чувство на пецкање значи дека маската навистина делува, а тоа чувство на пецкање брзо ќе помине. Состојките во овој крем ќе делуваат смирувачки на вашата кожа, а особено погодно делуваат доколку има присуство на црвенило.