Потребни состојки:

-маркери

-тврдо варени јајца

-влажни марамчиња

-гумени ластичиња

-ножици

Постапка:

На влажни марамици со помош на маркери во разни бои, со помош на децата нацртајте разни облици. Колку повеќе бои, толку подобо. Потоа завиткајте ги јајцата со влажните марамици и стегнете ги добро со ластичињата (кои се користат за зимница, за затворање тегли). Внимателно, да не ги скришите јајцата.

Оставете ги јајцата целосно да се исшат, најдобро цел ден ако сте ги боеле утрото, а ако сте ги боеле навечер, оставете ги преку цела ноќ. Кога марамиците ќе бидат целосно суви, одвиткајте ги и уживајте во шаренилото!