Фантастична течна диета со која се слабее 15 кг за 2 седмици!

Течната диета спаѓа во брзи диети, многу се ефикасни за намалување на килограмите како и за инстантно слабеење. Не смее да се држи подолго од 14 дена бидејќи може да биде штетна по здравјето.

 

ТЕЧНА ДИЕТА – РЕЦЕПТИ

Од самиот назив на диетата може да се заклучи дека се заснова на течни производи како што се: супа, природни сокови, млеко и млечни производи (јогурт, кефир), благи билни чаеви и секако вода. Количината на течности која се внесува дневно, не смее да биде поголема од 3 литри. Течната диета постои во неколку варијанти, а овде можете да прочитате пример од една: мени за еден ден.

 

ТЕЧНА ДИЕТА – МЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН

  • 9:00 – овесна каша (една шолја)
  • 10:00 – чорба од зеленчук (една шолја)
  • 11:00 – 250 мл топла вода
  • 12:00 – овошен сок разреден со вода (една шолја)
  • 13:00 – 250 мл топла вода
  • 14:00 – 200 мл млеко
  • 15:00 – 200 мл јогурт
  • 16:00 – чорба со посно месо – незасолено (една порција, изблендирано)
  • 17:00 – 200 мл топла вода
  • 18:00 – 200 мл топла вода
  • 19:00 – овошен сок разреден со вода (една шолја)
  • 20:00 – 200 мл топла вода
  • 21:00 – 200 мл кефир со помалку од 2% млечни масти

Бидејќи станува збор за брза инстант диета, не смеете никако да ја држите подолго од две седмици, а најдобро е да се држи 5 до 6 дена. Веднаш по завршетокот на диетата полека вратете се на нормална исхрана и тоа на следниот начин.

  • Првиот ден после диетата: јадете исклучиво мали порции варен зеленчук.
  • Вториот ден: пред варениот зеленчук може да се изеде и парче интегрален леб, додека за вечера јадете зелка и сиров морков.
  • Трет ден: Полека вратете се на вашата нормална исхрана но морате да одбегнувате масна храна и да не јадете повеќе од две парчиња леб.

ИСКУСТВА ОД ТЕЧНАТА ДИЕТА

Како долгорочен план за намалување на килограмите, течната диета за слабеење не се препорачува, бидејќи постои опасност од јо-јо ефект, а постојат многу други помалку рестриктивни диети со кои се слабее помалку, но се далеку поздрави.

Со оваа диета може да се изгубат дури и 15 кг за 14 дена. Најдобро време за почеток на диетата е викендот: ако сакате да ослабете само 3 до 4 кг за тоа ќе ви бидат потребни од 4 до 5 дена. Не заборавајте дека никако не смеете од течна исхрана веднаш да преминете на цврста.

Важна напомена: течната диета може да ја практикувате по консултација со лекар или нутриционист. Се препорачува за исклучиво здрави лица. Токму лекарите го препорачуваат овој начин на исхрана непосредно пред интервенција или операција, или пак, после истата.

Кај оваа диета не се препорачуваат вежби ниту тешки физички активности. Намалениот внес на калории, успорениот метаболизам и изгладнетоста се причина зошто многумина се откажуваат од оваа диета после само 2-3 дена. Воедно, тоа е нејзината најголема мана.