Урмите се богат извор на хранливи материи, и тоа речиси сите го знаат. Но она што помалку е познато е дека оие плодови можат успешно да помогнат во губењето на вишкот килограми.

Предноста на урмите е тоа што може подолго да се џвакаат и да ја угасат желбата за глад.

Овие хранливи плодови освен што се еликсир за здравјето, имаат способност да ги подобруваат дигестивните функции, во лекувањето на опстипација и други дигестивни нарушувања.

Урмите се одличен извор на магнезиум кој има антивоспалителни својства и може да ја намали болката и отокот.

Магнезиумот содржан во урмите, исто така, може да го намали артериското воспаление, а добро е познато и дека го намалува ризикот од срцеви заболувања и други воспалителни болести како што се Алцхајмерова болест, артритис и сл.

Со редовно консумирање на ова овошје може да ослабете.

Потребни состојки:

3 урми

3 сливи

1 лажица мелено ленено семе

Постапка:

Сомелете ги сите состојки и промешајте. Оваа смеса јадете ја секогаш пред оброк, во текот на 14 дена. Потоа направете пауза од 14 дена, па повторете ја постапката доколку има потреба.

Консумирањето на овој природен лек се покажал како многу успешен во намалувањето на ризикот од рак на дебело црево, а може да се користи и за лекување на хемороиди.

Урмите се многу богати со растителни влакна со кои се помага слабеењето, но исто така, не треба да се заборави дека тие содржат релативно доста калории, па дури може да се наречат и енергетски бомби.

Со додавање на повеќе влакна во вашата исхрана можете да си помогнете да изгубите повеќе на тежина и да го намалите обемот на струкот според една студија објавена во The American Journal of Clinical Nutrition, во декември 2009 година.

Објаснувањето е следното: влакната може да ви помогнат да се чувствувате сити подолго време.