Еве зошто треба да чувате сапун во секоја соба од вашата куќа

Иако единственото место каде што можете да ги видите, а тоа е бањата, сепак, сапуните имаат бројни примени кои воопшто не се однесуваат на хигиената.

Времето не доведе до тоа да обичните сапуни ги замениме со некои течни варијанти или екстра мирисни парчиња, но тврдиот сапун секогаш ќе биде корисен поради некои негови одредени својства.

Која е воопшто функцијата на сапунот?

Сапунот е доволно прилагодлив со што ја надминува неговата основна функција, односно перењето. Можете да го користите и во затворен простор и на отворено. Доколку и натаму го чувате сапунот само во бањата, би требало да знаете дека е одлична идејата да имате сапун во секоја просторија од куќата. Ако се прашувате зошто, прочитајте го текстот во продолжение.

1.Убоди од инсекти

Доколку ве мачат убоди од инсекти, натопете го сапунот и протријте се на укасаното место.

2.Против чкрипење

За чкрипење врати, фиоки или подови, втријте нов сапун на одреденото место кое чкрипи (на шарките или шините).

3.Превенција од замаглување

Ви се замаглуваат стаклата на очилата? Исчистете ги со малку сув сапун и избришете со чиста ткаенина. Истиот метод се користи и против замаглување на огледалото во бањата.

4.За одглавување на заглавени работи

Се’ она што се заглавило, на пример прозорите, можете да ги „подмачкате“ со сапун за да може лесно да се одглави. Само протријте со сув сапун.

5.Елиминација на непријатни мириси

Наместо да користите миризливи свеќи, освежете го вашиот плакар, фијоки или куфери со оставање на сапун онаму каде сакате убаво и свежо и да ви мириса.

6.Отстранување на дамки

Ако имате жолти траги на крагната или некоја точка на облеката, намачкајте со сапун преку дамката и оставете така да отстои пред класичното перење во машина.

7.Градинарство

Отстранете ги инсектите, глувците и другите штетници од градината со парчиња сапун. Ако не знаете како да ја заштитите вашата градина, исечете еден сапун на половина и секоја половина закачете ја на метална шипка, и така наредете на зафатените места низ градината. Може и да ги ги закачите на конец.

8.Тесни чевли

Тврда кожа? Намачкајте ги со сапун деловите кои ви предизвикуваат триење, како што се горните внатрешни делови и агли.

9.Подмачкување на метал

Пред да започнете да ковате шајки, намачкајте ги со сапун за да ги подмачкате. Истото можете да го направите и со другиот алат, иглите за шиење и слично.

10.Грчеви во нозе

Можеби ви звучи како „бабини деветини“, но ставете сув сапун меѓу постелнината, за да спречите појава на грчеви во нозе во текот на ноќта. Луѓето кои го пробале овој трик се колнат дека делува!

11.Користете го за обележување

Ако треба да означите линии за сечење во текот на шиењето, користете сапун наместо креда или маркер.