Повеќе од 5000 години, во Кина и Индија постои пракса за читање од стапалата. Луѓето во овие земји веруваат стапалата делуваат како огледало на остатокот од телото.

 

Ако има било какви задебелувања, калуси или болки во нозете, тие укажуваат на проблеми на некое друго место од телото. На пример, лаците се поврзани со ’рбетот, што значи, паднатите сводови укажуваат на проблем со грбот. Исто така, се верува дека умот и телото се поврзани, а различните психички проблеми можат да се рефлектираат како физички заболувања и тегоби.

Погледнете си ги прстите и дознајте повеќе за себе

Јане Шијан, рефлексолог е сигурен дека нозете говорат сè за луѓето, од нивната функција на дигестивниот систем, па дури и за состојбата на нивната љубовна врска. Со разгледување на вашите нозе може да се дознае дали сте диво и авантуристичко лице, или имате желба за стабилност, ред и хармонија во животот.

Овој рефлексолог открива што говорат вашите стапала за вас:

ПАЛЕЦ

Луѓето кај кои палецот е многу поголем од останатите прсти се паметни и креативни. Тие секогаш имаат едно умно решение за проблемите. Овие луѓе ги гледаат работите од различни перспективи, но, исто така тие може да имаат проблеми со фокусирањето на главната цел, па така да не го согледаат вистинскиот проблем.

Од друга страна, ако вашиот палец е мал, значи дека можете да направите многу нешта во ист момент. Многу сте ефективни и ефикасни. Ја користите вашата харизма со која влијаете врз другите, и на тој начин ги реализирате вашите идеи.

ДОПАЛЕЦ

Луѓе кај кои вториот прст, веднаш до палецот, е поголем од самиот палец, се квалитативни лидери. Тие се динамични и креативни, и може да бидат шефови. Сепак, луѓето кај кои овој прст е помал, не сакаат да работат под притисок и посакуваат хармонија во нивниот живот.

 ТРЕТ ПРСТ

Ако третиот прст на стапалото е релативно долг, тоа значи дека луѓето се енергични и генијални, особено на работа. Овие луѓе гледаат кон совршенство и може да постигнат многу со одлучност и енергија. Негативното кај овој вид луѓе е дека нивната опсесивност и преданост во работата може да ги оддалечи од љубовта, семејството и забавата.

За разлика од нив, луѓето со пократок трет прст – уживаат во животот. Тие сакаат да се релаксираат и да не претеруваат во ништо.

ЧЕТВРТ ПРСТ

Луѓето кои имаат подолг и прав, четврт прст, се многу приврзани за нивното семејство кое е најважно за нив. Ако прстот е извиткан, тоа значи дека овие луѓе имаат несреќни односи со фамилијата и најблиските.

Овие луѓе се одлични слушатели и емпатични, но ќе бидат несреќни во семејството. Исто така, за нив е многу тешко да се одвојат од туѓите проблеми бидејќи се многу емпатични. Треба да се опуштат и да не се грижат за проблемите на другите луѓе, бидејќи тоа во голема мера им се одразува врз здравјето.

Луѓето со краток четврт прст се фокусираат на други работи и семејните односи не се толку важни за нив.

МАЛ ПРСТ и општо МАЛИ ПРСТИ

Лицата со мали прсти имаат детско однесување. Тие не сакаат обврски и лесно им досадуваат нештата.Тие бараат забавни работи кои им го одвлекуваат вниманието. Покрај тоа, овие луѓе се забавни, шеговити и духовити.

АКО МОЖЕТЕ ДА ГО РАЗДЕЛИТЕ МАЛИОТ ПРСТ

Луѓе кои можат да го одвојат малиот прст од нивниот сосед, четвртиот: тие се импулсивни, авантуристички и шармантни. Луѓе кои не можат ова да го направат, се принципиелни, предвидливи и лојални.

ПОДРЕДЕНИ ПО ГОЛЕМИНА

Ако прстите ви се наредени по големина, започнувајќи од палецет па понатаму, правејќи уредна линија, тоа значи дека сте методични, прецизни и практични. Можете секогаш да го завршите она што сте го започнале.