Сигурно и вие мислете дека летувањето е идеален одмор за душата и телото. Кога ќе помислите дека работата и секојдневицата се неподносливи, сигурно барем во мислите веќе сте отпатувани на некоја тропска плажа и размислувате на врвно уживање – легнати сте под палма додека ги впивате сончевите зраци.

А кога ќе слушнете што навистина се случува со вашето тело на еден таков одмор, можеби и ќе ја повлечете резервацијата за таквото летување.

Имено, лекарите велат дека излежувањето на плажа и сончањето водат директно кон зголемување на ризик од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Ова го тврдат врз основа на спроведено истражување во кое учествувале 28 возрасни лица.

Сите тие биле во одлична физичка форма и поминале 14 дена во рај за каков претходно говоревме – излежување на плажа. После 14 дена, лекарите им ја провериле состојбата на организмот, а добиените резултати биле следните:

-изгубиле третина од мускулната маса,

-обемот на половината им се зголемил за околу 1 см,

-зголемена телесна тежина.

Потребен бил најмалку еден месец после одморот за да се вратат во старата форма.​

Ова е, велат лекарите, идеален начин на им се укаже на луѓето дека излежувањето всушност е штетно. Поради модерниот начин на живеење, повеќето од нас седиме пред компјутер или лежиме пред ТВ поголемиот дел од денот.

– Овие резултати не’ потсетуваат на важноста од физичката активност. Последиците од излежувањето се многу опасни – вели д-р Ден Кутбертсон од Универзитетот во Ливерпул.​

Како што велат експертите, седмично мора да поминеме најмалку 150 минути во било каква физичка активност за да ги одбегнеме болестите како што се: дијабетес, срцеви болести и слично.