loading...

Еве што се случува ако подолго време ги користите антибеби пилулите

Зависно од тоа дали пилулите ги користите 5, 10 или 15 години, можете да очекувате различни работи. Се прашувате зошто не сте среќни и повеќе не можат да ве насмеат ситниците на кои порано слатко се смеевте?

Од вашето расположение до вашата врска со партнерот, еден неочекуван фактор би можел да има влијание врз вашиот живот: вашата мала контрацептивна пилула.

Антибеби пилулите и ризикот од згрутчување на крвта

Кога станува збор за ретките влијанија како што се зголемен ризик од крвни згрутчувања- посебно кај дебелите или жените пушачи кои користат пилули- тие обично се јавуваат веќе неколку седмици од почетокот на користењето.

Верувајте им на своите инстикти пред да се запрашате за необичните симптоми. 76% од жените кои користат пилули ги чувствуваат нуспојавите од нив. Ако имате прашања и загрижени сте, побарајте одговори и помош од вашиот гинеколог.

Некои ефекти од пилулите се корисни, додека други се штетни. Зависно од тоа дали ги користите пилулите 5, 10 или 15 години, можете да очекувате различни резултати. Во продолжение можете да ги прочитате позитивните и негативните ефекти.

5 ГОДИНИ КОРИСТЕЊЕ НА ПИЛУЛИТЕ

Спас од полицистични јајници

Ако сте меѓу оние кои патат од синдромот полицистични јајници (PCOS, polycystic ovary syndrome), хормонално пореметување кое предизвикува нередовна менструација, потешкотии со зачнување, акни во поодмината возраст, екстремна влакнатост и зголемено ниво на маснотии во крвта, пилулите може да се користат како лек за намалување на овие симптоми, велат лекарите.

Секако, никако не би требало на своја рака да ги земате пилулите, туку задолжително да побарате совет од лекар. Жените кои патат од PCOS со користење на пилулите исто така го намалуваат ризикот од ендометриски карцином, бидејќи со запирањето на овулацијата се спречува зголемениот раст на слузокожата од матката, како и неможноста за нејзино добро чистење.

loading...

Дијагностицирање на PCOS подразбира неколку различни чекори. Со својот гинеколог поразговарајте за ова. Тој би требало внимателно да ја проучи вашата медицинска историја и внимателно да ве прегледа, имајќи ја во предвид и вашата тежина и индексот на телесната маса.

Би требало да направите и анализа на крвта како и ултразвук, а можеби ќе мора да ја замените пиплулата со некое друго средство за контрацепција три месеци пред дијагнозата (бидејќи оралните средства за контрацепција можат да ги скријат и намалат симптомите на PCOS). Секогаш побарајте совет од својот гинеколог.

Депресија

Ако користите пилули, постои 50% поголема можност да имате негативни мисли. Спрецијалистите за хормони и однесување неодамна открија дека оралните контрацептиви ја намалуваат нашата можност за доживување на позитивни емоции, како што се возбудување и ентузијазам.

Жените често не се ни свесни за ова, но наглата депресија или намалено расположение можат да бидат предизвикани од хормоналните контрацептиви.

Фактори кои можат да придонесат за променливо расположение додека користите пилули, вклучуваат и депресивно расположение во минатото, случаи во семејството со пореметено расположение кај женскиот дел од роднините., како и чувство на тага при PMS. Ако постојано се чувствувате нерасположено, поразговарајте со гинекологот.

10 ГОДИНИ КОРИСТЕЊЕ НА ПИЛУЛИТЕ:

Вљубени сте и имате близу 30 години, што е приближно време кога младите жени за првпат стануваат мајки, па можеби размислувате да ги оставите пилулите за прв пат, после деценија користење.

Дали го одбравте вистинскиот?

При изборот на емотивниот партнер важна улога игра главниот комплекс гени со ткивно совпаѓање (MHC, histocompatibility comlex), односно сет од гени од имуносистемот. Според таа студија излегува дека нас жените, кога не користиме пилули, не привлекуваат мажи со MHC –поинаков од нашиот, а се верува дека таквите врски создаваат поздрави бебиња.

Со користење на антибеби пилули, оваа можност се губи, па имаме поголем ризик да одбереме маж со сличен MHC, поради што ќе бидеме сексуално незадоволни од една страна, но пресреќни поради неговата верност и доверба. Па така, жените кои го одбрале својот партнер во период кога користеле пилули, имаат релативно подолги врски, во просек за две години подолги од другите. А притоа, со намалена веројатност дека ќе дојде до раскин на врската.

Намалено либидо

Пилулата има метаболичко влијание кое го намалува нивото на тестостеронот, кое пак влијае врз вашите сексуални потреби. Тоа се случува затоа што тестостеронот го врзува глобулинот за сексуалните хормони, а неговото ниво се зголемува во телото кога користите пилули.

Подготовки за бебе

Ако размислувате да забремените, одлична идеја е за почеток да го подготвите вашето тело за бебе. Започнете така што ќе се одречете целосно од алкохолот, и цигарите.

Сега е вистинскиот момент да решите и некои здравствени проблеми, да ја нормализирате тежината и да го доведете своето тело во добра форма пред да забремените. Овој период е одличен да проверите дали во детството сте биле редовно вакцинирани против сипаници, рубеола…

15 ГОДИНИ КОРИСТЕЊЕ НА ПИЛУЛИТЕ

Вас веројатно ве загрижува намалената плодност. Можеби стравувате дека вашето тело „заборавило“ како да овулира, но тоа е малку веројатно.

Маскирање на менопаузата

Еден % од жените во менопауза влегуваат пред 40.година, а бидејќи тоа не може да се случи додека користите пилули, посебно ако ги користите веќе 15 години, нема ни да дознаете се додека не престанете со користењето.

Ако сте загрижени, можеби и затоа што во вашето семејство жените доживуваат рана менопауза, направете тест на антимилеровиот хормон во крвта, кој ја одржува активноста на јајниците, а истото можете да го направите и додека ги користите пилулите.

Сепак, треба да знаете дека тој тест го покажува само бројот на јајцеклетките, а не и нивниот квалитет, па на тој начин не може да се предвиди шансата за зачнување.

Долгорочна заштита

Се покажало дека колку подолго ги користите пилулите, поголема е и заштитата од ендометриски и карцином на јајниците. Според една теорија, ова се случува бидејќи пилулите го спречуваат постојаниот циклус на овулацијата, кој може да придонесе ризик од развој на канцерогените клетки во јајниците.

loading...