Ако во средни години нагло ослабете, тоа може да биде симптом за разни заболувања. Обратете внимание на своето здравје и јавете се на лекар.

Експертите тврдат дека слабеењето после 40-тите, го зголемува ризикот од деменција и други болести кои го вклучуваат памтењето – пишува Daily Mail.

Состојбата при која во средни години нагло се губи апетитот, а со самото тоа и килограмите, е позната како “анорексија на стареењето”.

Американските научници кои работат на клиниката Мејо во Минесота, спровеле студија на 1 900 луѓе и откриле дека, поради губиток на 5 килограми за десет години, дури 24% од нив имаат лесно когнитивно оштетување, кое во краен случај доведува до Алцхајмер и други форми на деменција.

Иако е ова негативна вест, истовремено е добро што на таков начин докторите навремено можат да ги откријат раните стадиуми на овие болести.

Постои сомнеж, исто така, дека депресијата и апатијата кои претставуваат први симптоми на деменција, се манифестираат преку губење на килограмите.

Што откриле научниците?

Медицинското списание “ЈАМА неврологија” објави истражување од својот тим, кое се базирало на проучување на 1895 луѓе од 70 години и постари, кои немале никакви знаци на деменција.

Истражувачите четири години подоцна откриле дека кај 524 од вкупните учесници се појавува лесно когнитивно влошување.

Токму кај овие испитаници во медицинските картони бил забележан губиток во килограмите после 40-тите години.

Иако, не може со сигурност да се утврди дали губитокот на килограмите е случаен или намерен, научниците донеле заклучок дека – губитокот на килограмите после 40-тите години од животот условува помали когнитивни оштетувања кои може да се сметаат за рани симптоми на деменција, а со самото тоа може да се идентификуваат лицата со зголемен ризик од заболување.

Од сево ова произлегува терминот “старечка анорексија”.

Бидејќи може да постојат повеќе различни причини за губење на килограмите, од кои некои се и позитивни – спречување на дијабетес и висок крвен притисок, целта на оваа студија е превенција на болестите поврзани со меморијата, деменција и Алцхајмер.